Проверката на факти во реално време станува реалност

Се приближуваме до реалност во која ниеден поличитар не може да шири добро познати лаги. Денес, екслузивно со TechCrunch, Washington Post објави целосно автоматизирана програма за проверка на фактите, наречена Truth Teller (кажувач на вистина), која во реално време објавува „Вистина“ или „Лага“ веднаш до видео од говори на политичари и интелектуалци.

Автор: Грегори Феринстејн – TechCrunch

Се приближуваме до реалност во која ниеден поличитар не може да шири добро познати лаги. Денес, екслузивно со TechCrunch, Washington Post објави целосно автоматизирана програма за проверка на фактите, наречена Truth Teller (кажувач на вистина), која во реално време објавува „Вистина“ или „Лага“ веднаш до видео од говори на политичари и интелектуалци. Со оглед на фактот дека речиси една петтина од регистрираните гласачи се уште веруваат дека Обама е муслиман, ваква алатка за искоренување на раширените митови може да и биде од огромна корист на нашата демократија. Подолу следува пример во вид на видео запис:

Knight Foundation ја финансирање оваа програма, која автоматски транскрибира говори и ги проверува изјавите во однос на база на податоци на добро познати факти. На пример, кога Џон Бохнер тврди дека зголемувањето на данокот на 2% од најбогатото население може да значи губење на 700,000 работни места, програмот Truth Teller  веднаш до видеото сигнализира дека станува збор за „Лага“ испишано со големи, црвени букви. Откако најпрвин ќе ја спореди оваа изјава со листата на факти на Washington Post и други популарни соодветни бази на податоци кои ги содржат овие факти.

За сега, раниот бета прототип треба рачно да се снабдува со некои факти и функционира само на теми за кои е специјално дизајниран да ги препознава. Бидејќи конгресот треба допрва да го усвои буџет и финансиските дискусии се подложни на лаги и погрешни известувања, Truth Teller се тестира по прашањето на даночната политика.

Washington Post се надева дека за одредено време овој програм ќе биде способен автоматски да извлекува податоци од целиот интернет и да биде достапен за граѓаните на нивните телефони, за тие самите да можат да ги проверуваат политичарите додека прават скара во своите дворови за време на изборните кампањи. Стивен Гинсберг вели дека бил инспириран да го изврши проектот откако забележал како кандидатот Мишел Бечман  шири лаги на една мала група на луѓе.

„Може да замислите како тоа ќе ја промени не само оваа сцена туку сите политички говори“, вели Гинсберг, замислувајќи сценарио во кое таа мала група на луѓе би имала пристап до верзија на програмот Truth Teller на своите мобилни телефони. „Доколку таа ве излаже и вие речете ‘чекај малку, вие само што не излажавте’, тогаш добивате еден целос

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Реакциите се онеспособени за овој пост