Прв извештај на СЈО до Собранието на РМ

Првиот редовен извештај за работата на СЈО беше доставен на време до Собранието и до Советот на Јавни обвиинители, но и од двете институции останаа на ставот дека Специјалната обвинителка требало лично да реферира и да одговара на парашања

 

Првиот редовен извештај за работата на СЈО беше доставен на време до Собранието и до Советот на Јавни обвиинители, но и од двете институции останаа на ставот дека Специјалната обвинителка требало лично да реферира и да одговара на парашања

 

15.03.2016 – Согласно законската обврска дека на секои шест месеци ќе поднесува извештај за својата работа, Специјалната обвинителка Катица Јанева на време го поднесе првиот Извештај за работата на Обвинителството.

Во извештајот се наведени сите организациони проблеми со кои се соочуваше СЈО од формирањето на 15.09.2015 година, но и за опструкциите на кои наиде во текот на спроведувањето на предистражните дејства.

Исто така, беше наведен и финансискиот извештај (описен дел од главниот извештај), кој наиде на критики на дел од медиумите, пред сè, блиски до тогашната владејачка партија, зашто „немало детали, а буџетот бил огромен“ (ова беа генералните збоови што се употребуваа во тие критики).

Она што остана најзабележано во јавноста, е фактот дека Јанева не го презентираше Извештајот во Собранието на РМ, наведувајќи дека не е обврзана со закон тоа да го стори и физички. Истото образложение таа им го достави и на Советот на јавни обвинители, кои инсистираа дека Јанева била должна лично да им го презентира извештајот и да одговара на нивните прашања.

Сите детали од Извештајот можете да ги прочитата тука (Првиот извештај од 15-09-2015 до 15-03-2016).

Детали од реакциите на медиумите можете да најдете тука.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција