Пуштен во употреба резервоарот за водоснабдување во Желино

 

Ветување: Ангажман за изградба и одржување на водоводот

Буџет: 41.000.000 денари

[Извор: Изборна програма на градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу за локалните избори 2017 , датум: октомври 2017] 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу, за изградба и одржување на системот за водоснабдување, дадено во неговата програма за локалните избори 2017 година (стр. 7) во делот Урбанизација, е исполнето.

На 04.10.2019 година на веб-страницата на Општина Желино беше објавено дека со проект од Министерството за транспорт и врски и со партиципација од Општината беше изграден резервоарот за вода во Желино.

Во соопштението од Општината се вели:

После долга и непрекината работа денес официјално го пуштаме во употреба резервоарот за вода за населбите во Општината Желино. Овој проект беше спроведен преку Министерството за транспорт и врски.

На отворањето беше присутен градоначалникот Сејдуи, кој изјави:

Овој проект е спроведен со помош од Министерството за транспорт и врски, ние како општина денеска ги добивме клучевите на овој резервоар. Она што не радува е дека Општина Желино имаше долгорочен проблем со водоснабдувањето  кој е веќе решен.

На настанот имаше и претставничка од Министерството за транспорт и врски која изјави дека овој проект е реализиран со заем од Европската инвестициска банка, а во наредниот период ќе се инвестира за вклучување и на другите села:

Проектот е реализиран преку заем од Европската инвестициска банка. Со овој капитален проект ќе се реши снабдување со вода во Општина Желино и селата наоколу. Пумпите се финансирани од Светска банка со заедничка соработка. (Слободанка Спировска -1,34 мин. од видеото) 

Вкупната вредност на овој проект е 41.000.000 денари, од кои Општина Желино кофинансирала со 8.000.000 денари, а остатокот е обезбеден од Министерството преку Европската инвестициска банка. Оваа водоводна мрежа ќе има три бунари, но во овој период функционални ќе бидат само два. Двата бунара ќе обезбедат минимум 60 литри вода во секунда.

Важно е да се спомене дека овој проект го реши долгогодишниот проблем на недостаток на вода за пиење на жителите на селото Желино. Исто така, се предвидува во следната фаза да се реши проблемот со водата за пиење на жителите на: Палатица, Требош, Узурмиште, Лешница, Дебарца, Групчини, Цифлик, Лерче, Капаждол, Новосела и Рогле.

Имајќи ги предвид горенаведените информации ова изборно ветување на градоначалникот на Општина Желино, Блерим Сејдиу го сметаме за исполнето

** Вистиномер на 18.06.2018 го оцени ова ветување на Сејдиу  во тек, но откако резервоарот беше пуштен во употреба на 04.09.2019,  ова ветување доби оценка исполнето.

ИЗВОРИ:

Оцени: Дрилон Салиу

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција