Путин не е Евреин

Илустрација: Вистиномер.мк

Путин е роден во Ленинград (денес Санкт Петербург) во семејство со руско православно потекло и јавно се изјаснува како припадник на Руската православна традиција.

Путин е роден во Ленинград (денес Санкт Петербург) во семејство со руско православно потекло и јавно се изјаснува како припадник на Руската православна традиција. Оваа теорија на заговор дека Владимир Путин е Евреин, почива врз невистинитото тврдење за неговото потекло по мајка. Во некои кругови погрешно се толкува дека нејзиното презиме „звучи еврејски“ (Марија Ивановна Шеломова)

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Ционистот и Евреин Путин од Истокот, слуга на антихристот.

Во склоп на објавата има илустрација поделена на 4 дела, која претставува компилација од четири различни фотографии. На сите нив е претседателот на Русија, Владимир Путин во друштво на претставници на еврејската заедница.

Во руските медиуми има цели галерии од фотографии од посети на Путин на Израел. На социјалните мрежи  исто така може да се најдат фотографии од тие посети.

Фотографиите во објавата што ја рецензираме пак, се појавуваат во руски конспирациски текстови, каде се промовира теоријата на заговор дека „Владимир Путин е Евреин“. Тоа не е точно.

Оваа теорија на заговор дека Владимир Путин е Евреин, почива врз невистинитото тврдење за неговото потекло по мајка. Во некои кругови погрешно се толкува дека нејзиното презиме „звучи еврејски“ (Марија Ивановна Шеломова).

Нема докази да се потврди ваквото тврдење и Шеломова не е признаено еврејско презиме во руската или јидиш традицијата, пишува на страницата за борба против антисемитизмот (Fighting Online Antisemitism).

Таму се додава дека тврдењето за тоа дека Путин бил Евреин, или како што се наведува во објавата што ја рецензираме „ционист“ – се базирани на шпекулации и етничко стеротипизирање, а не на факти.

Путин е роден во Ленинград (денес Санкт Петербург) во семејство со руско православно потекло и јавно се изјаснува како припадник на Руската православна традиција. Што се однесува до терминот употребен во објавата што ја рецензираме, „ционист“, тој поим обично се однесува на поддршка за постоењето и развојот на државата Израел како еврејска татковина. Политиките на Путин кон Израел се прагматични и засновани на геополитички интереси на Русија, а не на идеолошка посветеност на ционизмот.

Во рамките на неговата функција (како претседател, а еден период и како премиер на Русија), Путин остварува средби и со политичари од Израел. При една таква средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху (18.02.2010), Путин – во тоа време премиер на Русија, изјавил:

Неодамна се сретнав со главниот рабин за да  разговараме за можноста да се изгради Музеј на сеќавање на жртвите од холокаустот во Москва. Она што го видов во Израел, поточно музејот, длабоко ме импресионираше. Тоа е приватна иницијатива, но ќе се обидеме да овозможиме државна помош за иницијаторите на идејата и организаторите на сето ова. Жртвите на нацизмот не смее да се заборават. Еврејскиот народ и народот од Советскиот Сојуз страдаа најмногу за време на Втората светска војна. Наша должност кон загинатите и кон идните генерации е да ја паметиме оваа и слични трагедии и никогаш да не дозволиме да се повторат. 

Исто така, една од фотографиите во објавата, претставува официјална фотографија на Путин како претседател на Русија, кога на почетокот на неговиот прв претседателски мандат во декември 2000 година го посетил Еврејскиот центар во Москва во пресрет на прославата на празникот Ханука.

Во обид да го делегитимира украинскиот претседател Володимир Зеленски, Путин имаше и контроверзни изјави дека „неговите еврејски пријатели не го сметаат Зеленски за вистински Евреин“.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција