Путин не ја свирел македонската химна на пијано

Фото: Принтскрин видео

Видеото е од пред седум години, односно од мај 2017 година и на него Путин, како што објавиле повеќе светски медиуми, како Би-би-си, Тајм и Асошиејтед прес, свирел песни од советска ера

Видеото е од пред седум години, односно од мај 2017 година и на него Путин, како што објавиле повеќе светски медиуми, како Би-би-си, Тајм и Асошиејтед прес, свирел песни од советска ера

 

Објава на Фејсбук споделува видео од рускиот претседател Владимир Путин како свири на пијано и го тврди следното:

Путин ја одсвири химната на Република Македонија

Во описот на видеото е наведено дека Путин свири пијано додека чека да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Доколку го побарате оригиналното видео на кое Путин свири пијано додека го чека кинескиот колега, ќе видите дека видеото во објавата што ја анализираме е изменето, односно тој не ја свирел македонската химна.

Видеото со Путин го имаат објавено и Би-би-си и Тајм, а истото е достапно и на каналот на Асошиејтед прес на Јутјуб.

Видеото е од пред седум години, односно од мај 2017 година и на него Путин, како што објавиле и Би-би-си и Тајм, свирел песни од советска ера.

Очигледно е дека објавата што ја анализираме го изменила видеото вметнувајќи ја македонската химна, но тоа никаде не е нагласено. Поради тоа, дел од оние кои го виделе видеото, сериозно сфатиле дека Путин ја свирел македонската химна, што е видливо и од самите коментари под него.

Поради сето ова, објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција