Радишани доби нова градинка
Изградба и проширување на детска градинка „11 Октомври“ во населба Радишани
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Новата градинка во Радишани е пуштена во употреба во август 2016 година. Ова е исполнето ветување на градоначалникот на Бутел, Петре Латиновски, кое тој го го наведе меѓу приоритетните проекти во Изборната програмата (2013-2017) „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Општина Бутел“ ( стр 10).
Изградбата на градинката почна минатото лето. На 21 јули 2015 година во дворот на градинката „11 Октомври“ во населба Радишани беше поставен камен-темелник на новата градинка. Медиумите тогаш информираа дека
Новата градинка ќе биде со капацитет од 120 деца и ќе се простира на површина од околу 500 метри квадратни.
Објектот ќе содржи пет занимални со санитарии за деца, кујна со магацин, санитарии и директен надворешен пристап, како и административна канцеларија со санитарии за воспитувачите.
Градинката беше изградена и официјално пуштена во употреба на 30 август 2016 година. На свечениот настан, организиран по тој повод градоначалникот Латиновски рече:
Убаво е кога ќе се застане пред граѓаните и ќе се ветува, меѓутоа задоволството што денеска како градоначалник го чувствувам е уште поголемо, затоа што едно од ветувањата се исполнува, изградбата на градинката која што денеска ја предаваме во употреба. Грижата за младите вака се покажува на дело, а не со празни зборови и ветувања.
ИЗВОРИ:
- Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2013-2017 година „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Бутел“ (стр.10) [Пристапено: 28.09.2016]
- Тајм.мк (22.07.2015): Започна изградбата на нова градинка во Радишани [Пристапено: 28.09.2016]
- Прес 24 (22.07.2015): Во Радишани ќе се гради нова градинка со капацитет од 120 деца [Пристапено: 28.09.2016]
- Тајм.мк (30.08.2016): Пуштена во употреба нова градинка во Радишани[Пристапено: 28.09.2016]
- МКД (30.08.2016) : Пуштена во употреба нова градинка во Радишани [Пристапено: 28.09.2016]
- Нетпрес (30.08.2016): Отворена нова детска градинка во Радишани за 120 деца [Пристапено: 28.09.2016]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар