Рама вети дека ќе ја подобри бизнис климата, извештаите го покажуваат спротивното

Photo by rawpixel.com from Pexels

Премиерот на Албанија, Еди Рама, за време на отворањето на Економскиот форум во Тирана на 30 јануари 2020 година, изјави дека „странските инвестиции се зголемени и дека се работи на подобрување на деловната клима“. Иако Владата гарантираше преземање на политики кои ќе ја подобрат деловната клима во земјата, сепак меѓународните извештаи ја рангираат Албанија меѓу земјите со најнеповолни услови, известува „Фактоје.

Според проверката на „Фактоје“, Европската стопанска комора , во извештајот објавен на 1 септември, ја рангираше Албанија во „топ 3“ земји со најнеповолна клима за водење бизнис.

Во извештајот, кој се заснова на индексите на Светска банка и Транспаренси Интернешнел, Албанија со 51 поен е рангирана на 44-то место во Европа, од 46 земји земени во анализата. Според проценката, зад Албанија се само Босна и Херцеговина и Украина, додека сите други земји во регионот се подобри од  неа.

 

Извештај на Европската трговска комора 2020 година

На 29 јуни, Американската трговска комора го објави Индексот за деловна клима, кој падна најмногу во последните 8 години, достигнувајќи 38 поени. Бизнисмените како главни проблеми ги наведуваат: влошената политичка клима, создавањето монополи, шверцот, корупцијата и неформалноста во економијата.

Во меѓувреме, економската состојба во Албанија значително се влоши не само како резултат на земјотресот на 26 ноември, туку и од пандемијата со „Ковид-19“. Јавниот долг достигна вредност од 80 проценти од Бруто домашниот производ, додека неповолната клима за водење бизнис, го зголеми уште повеќе скептицизмот за економската иднина на земјата.

Затоа, Фактоје  горенаведената изјава на Рама, ја оцени како невистина.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција