Раша Тудеј (РТ) како герилски активист
Поголемиот дел од времето, гласноговорниците на Кремљ како што се РТ („Раша Тудеј“) и Спутник, го кријат нивното континуирано пркосење на забраните за пренос на ЕУ и САД. Тие редовно ги исмеваат предупредувањата на западните влади за континуираните операции на влијанието на Кремљ, особено мешањето во демократските избори. Често интервјуираат сочувствителни „аналитичари“ или политичари за да тврдат дека овие предупредувања се неосновани и „хистерични“ изрази на „русофобија“
Поголемиот дел од времето, гласноговорниците на Кремљ како што се Раша Тудеј (РТ) и Спутник, го кријат своето континуирано пркосење на забраните за пренос на ЕУ и САД. Тие редовно ги исмеваат предупредувањата на западните влади за континуираните операции на влијанието на Кремљ, особено мешањето во демократските избори. Често интервјуираат сочувствителни „аналитичари“ или политичари за да тврдат дека овие предупредувања се неосновани и „хистерични“ изрази на „русофобија“
Преземено од EUvsDisinfo
Пропагандистите на Кремљ повремено попуштаат и откриваат дел од она со што навистина се занимаваат. Една таква прилика се појави во прилично бизарното интервју на РТ со главната уредничка Маргарита Симонјан на 8 септември.

„Ние водиме информациска војна“
Симонјан, која и во минатото давала збунувачки коментари, го изгради РТ и неговиот здружен медиум Спутник по милитаристички идеолошки линии, а не според новинарски принципи. Конгломератот се прошири со огромен дел од рускиот државен буџет и промовираше платформи на повеќе од 25 јазици. Во реалноста, РТ, Спутник и другите државни медиуми се маскираат како „медиуми и новинари“ во пропагандна операција која служи и како фасада на повеќе тајни операции за влијание во Африка и Латинска Америка.
Во 2012 година, Симонјан се чувствуваше доволно самоуверена за отворено да изјави дека медиумот РТ постоел од „истите причини поради кои на една земја и е потребно министерство за одбрана“ и дека „воделе информациска војна“.
Премотуваме до септември 2024
Во новото интервју, Симонјан имплицираше дека по санкциите на САД и ЕУ, медиумот РТ „почна да оди по герилиски патеки“, што значи дека почнал да работи тајно.
„Веќе го споменав ова, но не споменав детали тогаш — и нема да споменувам детали ни во иднина“, рече Симонјан, „меѓутоа во различни емисии јавно напоменав дека останавме во овие земји, дека работиме и ќе продолжиме да работиме , само сега индиректно“.
Што може да вклучува оваа „индиректна“ работа? „Секако нема да кажам со кого сме соработувале или не, но ќе кажам дека ќе продолжиме да го правиме тоа колку што е можно повеќе“.
Таа напомена дека ако „не нѐ сакаа кога работевме отворено, уште помалку нѐ сакаа кога почнавме да работиме индиректно”. „Што сееш, тоа и ќе жнееш“, заклучи таа.
Спротивната страна вели: „РТ е медиум што вреди“
Отворените коментари на Симонјан се спротивни на воспоставените точки за разговор на Кремљ. Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи постојано тврди дека медиумот РТ никогаш не се занимавал со ништо незаконско, во спротивно тоа би го решиле судовите. Според Захарова, обвинувањата дека РТ спроведува операции за влијание се „смешни и неосновани“. Репликата продолжува: „РТ се занимава со вредна новинарска работа со години — тоа е причината поради која западните кругови сакаат да го замолчат овој глас што не е мејнстрим“.
Според Спутник, дополнителните санкции на САД против медиумската група „Росија Сегодња“, објавени претходно во септември, беа означени како „хистеричен одговор на повторените лаги за мешање на Русија во изборите“, а санкциите се „навреда за слободата на изразување на Американците“.
Нашата база на податоци документира неколку други примери на точките за разговор на Кремљ распространети низ повеќе јазични домени. Неколку наслови ја илустрираат насоката: „Руските медиуми беа подложени на терористички информативен напад од САД“, „РТ е стигматизирана затоа што се бори против индоктринацијата од страна на колективните медиуми на Западот “, „РТ е таргетирана затоа што го разоткри конфликтот во Украина како западна војна преку застапник“, и „Санкциите за RT го покажуваат очајот на САД да го спасат еднополарниот поредок што се распаѓа“.
Истите партиски линии тврдат дека ЕУ, во меѓувреме, „се претвора во Орвелов кошмар, при што Франција создава „Министерство за вистина“ за да регулира какви информации се достапни за нејзините граѓани.
Фалење или „активна мерка“?
Фалбите на Симонјан се можеби нешто друго и може да се доживеат како лобирање за континуирана голема распределба од рускиот државен буџет. Надувувањето на влијанието на дезинформациите или други тајни „активни мерки“ е стара техника за да се збуни противникот.
По целосната инвазија на Украина од страна на Русија, ЕУ усвои санкции во 2022 година за да ги суспендира радиодифузните активности и лиценците на неколку руски дезинформациски медиуми под контрола на државата. РТ Франција ја загуби жалбата против забраната за емитување пред Европскиот суд на правдата . РТ Франција подоцна поднесе барање за стечај, но операцијата повторно се појави како нов деловен субјект наречен„RT Afrique” [Африка на француски].
РТ и Спутник сè уште работат во многу земји и во неколку јазични домени како дел од поголема операција насочена од Кремљ.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар