Распуштете ја поротата!

rakometarka-09876-098-crop-resize-001-final-002

 

[Рецензија: Аболицираниот Заев сега како морален судија]

Коментар? Новинарска белешка? Едиторијал? Пред нас имаме недефиниран ираз, кој, ако веќе мора да се нарече новинарски напис, би можеле да го класифицираме како нова формa.

rakometarka-09876-098-finalНаслов на анализираниот напис: Аболицираниот Заев сега како морален судија

Датум и време на објавување: 11.02.2015, 23:47

Датум на рецензирање: 12.02.2015 

Рецензент: Александар Пешев

Дами и господа на поротата – слободни сте. Конечната пресуда за случајот ќе ја донесе овој непотпишан текст. Вклучувањето на цитат од „една телевизија“ не прави многу за разбивање на првичниот впечаток дека објавата наликува на партиско соопштение.

Да почнеме со ред: најочигледно е дека имаме коментаторски елементи или тврдења неподдржани со извор или лице.

„Иако вели дека ќе биде објавено само тоа што е поврзано со криминалот на власта, сепак контрадикторностите немаат крај.“

Неуспешен е обидот за ублажување на коментарите со реторички прашања, кои имаат навивачка функција и недвосмислено можат да се интерпретираат како „Уа за лидерот на опозицијата!“.

„Во неговата конфузност, фатен во лага, Заев ли треба да биде човекот што би ценел што е криминал, а што не?“

Едностраноста е надградена со новинарски спин, со тоа што коментартите и саркастичните реторички прашања, без докази за потврда на информации, презентирани како факти, се врзуваат за изјавата на именуваниот.

Речникот звучи познато, посебно терминологијата во насловот… Како да сум видел вакви формулации и во друга пригода…

„Аболицираниот Заев е должник на Црвенковски и ги извршува неговите наредби“

Партиско соопштение на ВМРО – ДПМНЕ  9 – 6- 2014

И ова не е единствена пригода во која се користи идентичен термин. Во секој случај, ваквите описи, популарно наречени „брендирање“, не припаѓаат во новинарска објава. Функција на новинарството не е да жигосува ниту, пак, да пресудува кој е во право, а кој не.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција