Реџепи: Пандемијата може да влијае врз финансиите, но не и директно врз квалитетот на новинарството

Пандемијата го извади на виделина потенцијалот за правење на новинарство со придобивките од технологијата. Вака, меѓу другото, вели Брикенда Реџепи, одговорен уредник во весникот „Коха Диторе“ и автор на емисијата „Деску“ на КТВ, во едно интервју за Portalb.mk.

 

Пишува: Дрен Гргури

Како COVID-19 го трансформира новинарството во Косово?

Реџепи: За време на пандемијата начинот на работа претрпе големи измени, во однос на земање на изјавитe, покривање на настаните, зголеменатa внимателност при директната комуникација. Ставени се во функција видео врските преку Zoom, Viber и WhatsApp, нешто што беше eвидентно во телевизиските прилози. И покрај постоечкиот ризик, но со многу строги мерки, новинарите не сопреa со работата на терен, покривајќи ги граничните премини пред нивното целосно затворање, карантинот, болниците, и др. Ако за времето кога мерките беа поригорозни начинот на составување на веста требаше да се прилагоди во зависност од ситуацијата, со нивното попуштање ситуацијата почна да се враќа во нормала.

Иако на медиумите ѝм беше дозволено да излегуваат на терен во времето кога движењето на граѓаните беше ограничено, некои новинари поради немањето на транспорт останаа во други градови и освен пишаните текстови, остварија и стории преку телефон. Ова го извади на виделина потенцијалот на  “mobile-journalism” како еден начин на производство, кој во иднина може да се подобри уште повеќе преку обуки и обезбедување на квалитетна опрема.

 

Проблематично со нови извори

Кои дигитални начини/методи ги употребуваат новинарите за да комуницираат со своите извори и дали мислите дека тие сега се поотворени за комуникација со дигиталните уреди за разлика од периодот пред пандемијата?

Реџепи: Истите што ги употребуваа и пред пандемијата: WhatsApp, Viber, FCB Messenger. Вреди да се напомене дека КОХА организираше една обука за новинарите околу сајбер безбедноста и складирањето на податоците кратко време пред да се прогласи пандемија. Најпроблематично беше изнаоѓањето на нови извори, бидејќи тие се создаваат после подолги односи на доверба, што е невозможно да се случи за време на пандемија поради рестриктивните мерки, но и поради неподготвеноста на луѓето за директни контакти по повлекувањето на мерките.

Од ваша гледна точка, дали институциите и компаниите објавуваат повеќе податоци на интернет за разлика од порано и дали сте приметиле разлика во квалитетот на податоците и информациите?

Реџепи: Во последно време зачести објавувањето на изјави и информации на интернет – социјални мрежи, а за време на пандемијата ова беше уште поистакнато. Квалитетот и квантитетот на податоците и информациите како и претходно беше одреден од институцијата/подинецот кој/а ги споделил/а истите. Во овој аспект пандемијата не влијаеше. Поготово, собраниските седници, собраниските комисии, владините седници…се следеа преку линкови, во неможност камерманите и новинарите да бидат присутни.

 

Довербата на публиката зависи од медиум до медиум

Каков е вашиот впечаток – дали довербата на публиката во известувањето од страна на медиумите е зголемена, намалена или останала иста за време на пандемијата?

Реџепи: Довербата од публиката верувам дека зависи од угледот на медиумот, додека пак блискоста со медиумите, посебно со телевизиите, е зголемена поради ограничувањето на движењето. Генерално, медиумите ја третираа пандемијата на професионален начин, со тоа што не објавуваа информации и слики кои можеа да нарушат нечија приватност (освен во случаи кога објавувањето е дозволено) и што известуваа на коректен начин од аспект на вистинитоста.

Колкав труд вложија медиумските компании за га ги исполнат потребните услови за работа на новинарите за време на кризата со пандемијата и кои се реформите за поддршка?

Реџепи: КОХА постојано обезбедуваше заштитни маски, нараквици и средства за дезинфекција за целиот свој персонал. Ги охрабрувавме да ги носат маските и нараквиците и што почесто да вршат дезинфекција. Исто така, на неделна база се вршеше и дезинфекција на целиот работен простор од страна на професионални компании. КОХА ѝм овозможи и прилагодување на работното време на сите свои вработени, во зависност од нивните специфики: на родителите да работаат од дома или да работат втора смена ако нема кој да ѝм ги чува децата; на новинарите кои немаа транспорт од другите градови да работаат од дома; боледувања за оние вработени кои имаа потреба, и др.

Кои методи за борба против дезинформациите се практикуваат во медиумите во Косово?

Реџепи: Во медиумот во кој што работам јас важи принципот потврдување-објавување. Ако претставници на институциите/личности дезинформираат и поради нивната позиција нивните изјави се објавуваат, нормално реферирајќи ѝм се ним, одговорноста за дезинформирањето паѓа врз нив.

Ако може да го замислите новинарството по пандемијата, како би изгледало тоа и кои мислите дека ќе бидат трајните последици од пандемијата и по нејзиното завршување?

Реџепи: Новинарите во медиумите треба само да се потпрат врз основните принципи на професионализмот и објективноста, и како и по војната, така и по пандемијата ќе продолжат со својата работа приспособувајќи се главно на новитетите/предизвиците/технолошките можности. Пандемијата може да влијае врз финансиската страна на медиумите поради намалувањето на бројот на рекламите, но не и директно врз квалитетот на новинарството.  Некој може и да ги надоврзе овие два аспекти, но ова не важи за независните и професионалните медиуми.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција