Јазици MK SQ EN
  • За Вистиномер
  • Kонтакт
  • Методологија
  • Корекции и појаснувања
  • Напредно Пребарување

Publisher Publisher - Holds you accountable!

  • Насловна
  • Ветувања
  • Контраспин
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ
  • Анализи
  • Изјави
  • Инфо
  • Контекст
  • Ресурси
    • Регион
    • Досиеја
      • Прислушкуваните Разговори
      • Сите истраги на СЈО
    • Биографии
      • Влада на РМ
      • Градоначалници
      • Останати
    • Апликации
      • Гласомер
      • Политички Спектар
      • Времеплов
      • Партиски ветувања – веб верзија
      • Партиски ветувања – Андроид верзија
    • Документи
Truthmeter
  • Насловна
  • Реактивиран механизмот за жалби поврзани со изборните активности во онлајн просторот

Реактивиран механизмот за жалби поврзани со изборните активности во онлајн просторот

Од Вистиномер.мк On Aug 14, 2025 0

Поединци, институции, невладини организации, политички партии или независни кандидати, можат да поднесат жалба до Координативното тело, доколку сметаат дека во врска со изборниот процес се шират дезинформации, говор на омраза, дискриминација, злоупотреба на личните податоци или пак прекршување на Кодексот на новинарите на Македонија и Насоките за етичко известување на онлајн медиумите

Поединци, институции, невладини организации, политички партии или независни кандидати, можат да поднесат жалба до Координативното тело, доколку сметаат дека во врска со изборниот процес се шират дезинформации, говор на омраза, дискриминација, злоупотреба на личните податоци или пак прекршување на Кодексот на новинарите на Македонија и Насоките за етичко известување на онлајн медиумите

 

 

По распишувањето на локалните избори, закажани за 19 октомври 2025 година, одново се активира Координативното тело за постапување по претставки врз основа на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми, како механизам за заштита и почитување на правото на слобода на изразување и информирање, загарантирано со членот 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи и македонските закони, соопштија од Координативното тело.

Поединци, институции, невладини организации, политички партии или независни кандидати, можат да поднесат жалба до Координативното тело, доколку сметаат дека во врска со изборниот процес се шират дезинформации, говор на омраза, дискриминација, злоупотреба на личните податоци или пак прекршување на Кодексот на новинарите на Македонија и Насоките за етичко известување на онлајн медиумите. Електронската адреса за поднесување претставки е: [email protected].

Координативното тело е составено од претставници на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Фондацијата „Метаморфозис“. За координаторка е избрана Билјана Георгиевска, директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија, а заменичка – координаторка е Оливера Војновска од Фондацијата Метаморфозис.

Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми, усвоен во септември 2023 година, се однесува на политичките партии, нивните кандидати и независните кандидати во онлајн просторот (вклучувајќи и на социјалните мрежи), интернет-изданијата на радиодифузерите, онлајн-медиумите, проверувачите на факти, инфлуенсерите и други субјекти кои можат да извршат влијание врз граѓаните и нивното гласачко право.

Почитувањето на Кодексот се очекува да обезбеди интегритет на информациите во текот на изборниот процес, транспарентност на политичкото рекламирање, безбедност на личните податоци и спречување на ширење дезинформации, говор на омраза, ксенофобија, нетрпеливост, страв или тензии што ја поткопуваат демократијата.

Во изминатите две години, кон Кодексот пристапија три политички партии: Левица, Европска демократска партија и Партија на пензионерите, како и 21 медиумска организација (ТВ Алфа, ТВ Коха, ТВ Тера, ТВ Дуе, ТВ Кочани ЛД, ТВ Спектра, Радио Блета, Радио Кочани, Радио Вати, Радио Комета, весникот Коха, Спорт1, 4Нуз, Екипа, Радовиш Њуз, Гостиварисот, Флака, Макпрес, Одлучисе.мк, Порталб и 360 Степени.

Координативното тело ги охрабрува сите субјекти на кои се однесува Кодексот да се приклучат, заложувајќи се за почитување на неговите одредби со што ќе помогнат локалните избори да се одржат во фер и демократска атмосфера. Пристапицата кон Кодексот се наоѓа онлајн на: Пристапување кон кодексот – Изборен Кодекс

Повеќе детали прочитајте на: Кодекс за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

АВМУговор на омразадезинформациидискриминацијажалбиЗНМКодекс на новинаритекоординативно тело
0
Сподели FacebookTwitter
Слични артикли

Нема докази дека ковид-пандемијата била лажна или дека вакцините убиле 17 милиони…

Фотографија создадена со вештачка интелигенција, собира емотивни реакции на…

Не е точно дека сенаторот Линдзи Греам загинал од руска ракета Искандер

Дезинфо радар: Следи и предупреди – едиција за јули 2026

Предходно Следно

Оставете реакција
Cancel Reply

Во потрага по вистината | Документарен филм
https://youtu.be/VPitNDUieuc?si=oLeuFADrzZ1CUcAy
Следете не на
  • FacebookLikes Like our page
  • TwitterFollowers Follow Us
  • YoutubeSubscribers Subscribe
  • InstagramFollowers Follow Us
Легенда
Ресурси
Ефектот на дезинформациите
РЕФОРМСКАТА АГЕНДА ПОД ЛУПА
Политичко рекламирање
Институциите и Фејсбук
ifc badge

Вистиномер е сертифициран потписник на Кодексот на принципи усвоен од страна на Меѓународната мрежа за проверка на факти.

Избор на yредникот

Нема докази дека ковид-пандемијата била лажна или дека…

Jul 14, 2026

Фотографија создадена со вештачка интелигенција, собира…

Jul 14, 2026

Не е точно дека сенаторот Линдзи Греам загинал од руска…

Jul 14, 2026

Најнови Ветувања

Сè уште не е укинат надоместокот за мрежарина за електрична…

Mar 30, 2026

Реконструкцијата на студентските домови е во тек

Mar 27, 2026

Првата делница од автопатот Скопје-Блаце заврши во…

Mar 26, 2026

Најнови изјави

Проблемот со трасата Требеништа-Ќафасан е поврзан со УНЕСКО,…

Apr 2, 2026

СДСМ преку Филипче директно негираше актуелни врски со…

Mar 25, 2026

Коментарот на Шилегов за нестатутарност на одлуката за…

Mar 19, 2026
Претплатете се:
Во издание на
Поддржано од
CC LICENSE
Vistinomer.mk content available under license Set attribution 2.5 Macedonia
IFC мрежа
© 2017 - All Rights Reserved.
Website Design: BetterStudio
Sign in
Јазици MK SQ EN

Welcome, Login to your account.

Forget password?
Sign in

Recover your password.

A password will be e-mailed to you.