Регионална анализа за ефектите од ковид-19 врз медиумите од Западен Балкан

Пандемијата со ковид -19 предизвика промена во начинот на работа на новинарите и генерално на медиумите. Сепак, во зависност од контекстот на државите може да се забележи дека пандемијата има различно влијание врз новинарската професија. Оваа регионална анализа ги презентира наодите од 10 интервјуа спроведени со новинари од четири земји во регионот: Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Албанија, пишува .Portalb.mk.

 

Пишува: Дрен Гргури

 

Во секоја од овие четири држави новинарите различно ја доживеаја пандемијата, својата професија ја практикуваа на поинаков начин од нормалните услови, прилагодувајќи се на ситуацијата и околностите на новата состојба.

 

Интернет апликациите – важни алатки во работата на новинарите за време на пандемијата

Употребата на новите технологии при работата е заеднички именител за новинарите во споменатите четири држави. Различните интернет алатки станаа многу важен дел работата на новинарите. Иако, новинарите и досега ги користеа ваквите алатки, но сепак тоа не беше со ваков интензитет како во периодот кога се појави пандемијата, велат интервјуираните.
Адријатик Келменди

Новинари од четирите земји посочуваат и дека како резултат на ограничувањето на движењато се намалија нивните контакти и изворите на информации. Сепак, благодарение на дигиталната технологија интервјуата со експерти и други авторитети во здравствениот сектор биле полесно реализирани. Адријатик Келменди, генерален директор на ТВ „Клан“ Косово, главниот уредник на „А2СНН“, Елерт Изеири и новинарот во БиХ, Милорад Милојевиќ, ги истакнаа придобивките од овие алатки.

Главната уредничка на „Коха диторе“, Брикенда Реџепи,  нагласува дека и во услови на рестриктивни мерки против ковид-19, тие не престанале со  медиумско покривање на важни настани, како и со теренска работа и посета на граничните премини пред тие да бидат целосно затворени.

И босанскиот новинар Милојевиќ укажува на тешкотите со кои се соочија медиумските работници во неговата земја како резултат на ограничувањето во движењето и неможноста да присуствуваат на владините прес-конференции.

Поради околностите кои настанаа со коронавирусот некако неизбежно се наметна мобилното новинарсто, вели Александар Манасиев, главен уредник на „ВидиВака“. Оваа форма на новинарство беше користена и од „Коха диторе“, вели уредничката Реџепи.

Goran Lefkov
Горан Лефков

Во однос на транспарентноста на институциите и пристапот до јавни документи, во Босна и Херцеговина и Косово било полесно добивањето информации за пандемијата, но за другите теми тешкотиите продолжиле како и пред пандемијата. И покрај ова, како што вели Дарко Омерагиќ, новинарите во БиХ успеале да откријат два скандала и тоа, скандалот за купувањето на респиратори и аферата на купување мобилни болнички шатори.

Говорејќи за состојбата со транспарентноста во Албанија, Александар Чипа од УАН , го потенцира фактот дека иако бил зголемен обемот на податоци, сепак тоа не ја зголемило и транспарентноста на институциите и давањето информации од јавен интерес.

И новинарот Горан Лефков, уредник во „Инбокс 7“, исто така, како проблематична ја потенцира затвореноста на институциите.

Александар Манасиев

Гентиана Беголи од АНК нагласува дека довербата на јавноста во медиумите во Косово остана непроменета. Во Албанија, пак, според Чипа се зголемила  недовербата кон онлајн медиуми. Од друга страна, Манасиев смета дека во Северна Македонија, нивото на доверба останало онака како што било – ниско, додека Милојевиќ истакна дека граѓаните на БиХ имале поголема доверба во медиумите само кога станува збор за информации поврзани со коронавирусот.

 

КОВИД-19, причина за губење на работните места и намалување на платите во сите четири држави

Во сите четири држави, како што истакнуваат интервјуираните,  обезбедена е основна опрема за заштита од коронавирусот: маски, раквици и средства за дезинфекција. Во ТВ „Клан“ Косово се практикува протокол со 12 точки, кој го дефинира начинот на однесување,  работното време, мерките за ослободување на одредени категории работници и сл., вели генералниот директор, Келменди.

Беголи напоменува дека АНК во овој период им помогнала на новинарите со донација од над 300 пакувања раквици, маски и средства за дезинфекција.

За одбележување е тоа што за време на пандемијата со ковид-19, во сите четири држави недостасуваше  психолошката подршка за новинарите, иако имаше потреба од таква помош.

Александар Чипа

Одржливоста на медиумите и безбедноста на работата на новинарите, е уште едно важно прашање кое заслужува внимание. Ковид-19 предизвика новинарите да ги загубат работните места, а дел да продолжат да работат за пониски плати. Во сите четири држави имаше новинари кои останаа без договори, а меѓу нив  Омерагиќ, кој беше меѓу 10-те работници кои беа отпуштени од весникот „Ослобоѓење“. Омерагиќ вели дека е изненаден од отпуштењето на новинарите од некои медиуми, особено на добрите новинари.

Во Косово, поради пандемијата беше затворен весникот „Зери“ и 22 работници ги загубија своите работни места. Во Албанија, како што вели Чипа, биле погодени околу 12% од медиумските работници  и 47 новинари ги загубиле работните места.  Во Северна Македонија, пак, според Дуридански  петмина новинари ги загубиле работните места.

Намалување на платите има во сите четири земји, а за разлика од Косово, во Албанија и Северна Македонија во овој период нема затворање на медиуми.

 

Брикенда Реџепи

Експлозија на дезинформации и недостаток на стратегија за борба против лажните вести

Со појавувањето на пандемијата, се појавија дезинформации поврзани со Ковид -19, особено на социјалните мрежи.

Во земјите од регионот не постои стратегија за борба против дезинформациите, иако нема недостаток на иницијативи. Имено, невладини организации или одредени медиуми се обидуваат директно да се борат со дезинформациите доминантни на социјалните медиуми. Дуридански од Независниот синдикат на новинари и медиумски работници смета дека кога медиумите си ја вршат својата работа, тогаш нема потреба од „специјална сила“ за борба против дезинформациите. Изеири, Келменди и Милојевиќ, исто така, велат дека професионализмот е најдобриот метод за борба против дезинформациите.

Дарко Дуридански

Изворите и мотивите на дезинформациите во секоја од овие земји се различни. Она што е заедничко во сите четири држави е дека социјалните медиуми се сметаат за главен извор на дезинформации. Луѓето кои шират дезинформации се различни, од оние кои само сакаат да привлечат внимание, како што вели Келменди, до оние кои ја користат ситуацијата за одредени политички или бизнис интереси, како што истакнува Омерагиќ.

Друга заедничка точка во четирите држави е фактот дека интензитетот на дезинформациите се зголемил по појавата на пандемијата.  Во Косово, покрај здравствената криза, општеството доживеа и политичка криза, меѓутоа, сепак како главни дезинформации доминираат теми поврзани со Ковид-19. Во Босна и Херцеговина, дезинформациите за коронавирусот се користеа и за да се скрене вниманието за да не се објават информации за контроверзната јавна набавка, посочува Милојевиќ.

 

Darko Omeragić, novinar iz Sarajeva: Pandemija je promijenila ...
Darko Omeragic

Слободата на медиумите беше најзагрозена во Албанија и Босна и Херцеговина

Слободата на медиумите беше најзагрозена во Албанија и Босна и Херцеговина. Чипа вели дека во Албанија имало казни за медиуми и новинари под изговор за непочитување на социјалното растојание во редакциите и телевизиските студија. Тој ја споменува казната против ТВ „Ора“ и потенцира дека имало над четири случаи на насилство и нарушување на физичкиот интегритет на новинарите кои се обиделе да известуваат од болници и јавни здравствени установи за случаи и ситуации поврзани со вирусот.  Во оваа смисла, Изеири ги споменува и повиците на премиерот Еди Рама до албанската јавност да се пазат и да „седат што подалеку” од медиумите.

Во Босна и Херцеговина се случи државно мешање во слободата на изразување преку декрет за ширење паника, но по реакцијата на јавноста и меѓународните организации истиот беше повлечен. Такви правни иницијативи немаше во Северна Македонија, но Дуридански вели дека имало пет напади врз новинари. Новинарите беа спречени во нивната работа и во Косово, а за време на пандемијата беа регистрирани три такви случаи, посочува Беголи. 

Elert Yzeiri
Елерт Изеири

Новинарството по пандемијата

Финансиските импликации се чини дека се неизбежни и тоа ги загрижува новинарите во сите четири држави. Дуридански смета дека постои ризик да се прифати овој начин на работа како за време на пандемијата, со помалку луѓе, поголема употреба на алатки за дигитална комуникација, што може да доведе до помала потреба од работници и помалку известување од терен. Тоа, според него,  ќе резултира со помалку квалитетно новинарство.

Милорад Милојевиќ

Манасиев предвидува дека ќе има поголема употреба на дигитални алатки и поголема вклученост на мобилното новинарство.  И Келменди стравува од голема употреба на технологијата, напоменувајќи  дека директниот контакт е незаменлив и новинарството може многу да изгуби доколку интервјто се замени со комуникација преку дигитални средства. Изеири се надева дека оваа состојба ќе ги натера медиумите да бидат поодговорни, повнимателни и пообјективни, а Милојевиќ го потенцира фактот дека во Босна и Херцеговина постои апсолутна неизвесност и предвидува сериозни финансиски последици во медиумсиот свет.

Гентиана Беголи

Пандемијата уште еднаш ја откри важноста на медиумите и на новинарите, истовремено потврди дека не можеме да се потпираме на информации подготвени од оние кои не се повикани за тоа, од оние кои не ја разбираат важноста на информацијата или улогата на медиумите во општеството.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.