Регрутација и евиденција во воен регистар, не е исто

Фото: commons.wikimedia.org

Жените во Украина  од 1 октомври 2022 година ќе бидат запишани во воениот регистар, но тоа не значи дека ќе бидат регрутирани – запишани во воениот рок, како што тврди постот. Запишувањето во регистарот не е еквивалентно на отслужување на воен рок. Исто така, при запишувањето во регистарот, според Законот на Украина за мобилизациска обука и мобилизација, ќе има  голем број на исклучоци, а не само на мајки со деца под три години и бремени жени

Жените во Украина  од 1 октомври 2022 година ќе бидат запишани во воениот регистар, но тоа не значи дека ќе бидат регрутирани – запишани во воениот рок, како што тврди постот. Запишувањето во регистарот не е еквивалентно на отслужување на воен рок. Исто така, при запишувањето во регистарот, според Законот на Украина за мобилизациска обука и мобилизација, ќе има  голем број на исклучоци, а не само на мајки со деца под три години и бремени жени

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Од 1 октомври сите жени со исклучок на мајки со деца под 3 години и бремени жени ќе бидат запишани во воениот рок во Украина.
 Жените кои ќе одбијат ќе бидат казнети и може да се соочат со кривични пријави.

Не е вистина дека сите жени во Украина со исклучок на мајки со деца под три години и бремени жени ќе бидат запишани во воениот рок во земјата.

На 19 јуни 2022 година, објавено е интервју со воениот адвокат на Коровоградската област и шеф на правната група на регионалниот територијален центар за регрутирање, Јуриј Хрива кој објаснува сè за воената регистрација на жените за време на воена состојба во Украина. Прво, жените ќе бидат запишани во воениот регистар, но тоа не значи дека ќе бидат регрутирани – запишани во воениот рок, како што тврди постот. Запишувањето не е еквивалентно на отслужување на воен рок! Уписот на жените почнува од 1 октомври 2022 година и ќе се примаат жени помлади од 60 години, немаат контраиндикација поради здравствената состојба и чија професија или специјалност е наведена во наредбата на Министерството за одбрана.

Професиите на коишто треба да им припаѓаат жените, може да се видат во наредбата на Министерството за одбрана на Украина, која стапи на сила на 17 декември 2021 година и во неа се наведени професиите за жените кои мора да бидат во воениот регистар. Генерално во него се претставени повеќе професии како: угостителство, издаваштво, печаттење, програмерство, лекари, адвокати, новинари, музичари, социјални работници, сметководители, вработени во ресторани и хотели итн.

Откако една жена ќе влезе во воениот регистар, таа е во резерва на вооружените сили, националната гарда или други воени формации. Жените кои се регистрирани може да бидат повикани на воена служба, но може да бидат и ангажирани да вршат работи за обезбедување на одбрана на државата во време на војна.

Во моментов, нема потреба да се мобилизираат жените. Меѓутоа, во некои случаи тие може да се мобилизираат за најретките воени специјалности во вооружените сили или други компоненти на одбранбените сили. Во мирно време, жените можат да бидат примени на воена служба и служба во резервниот состав само на доброволна основа, со договор, изјавил Јуриј Хрива.

Жените кои имаат деца помлади од 18 години не подлежат на воен рок преку мобилизација.

Тие можат да бидат повикани на воена служба само со нивна согласност и само во нивното место на живеење, вели Хрива.

Оние кои не подлежат на воен рок за време на мобилизацијата се наведени во целосен список во членот 23 на Законот на Украина за мобилизациска обука и мобилизација.

Има повеќе наведени исклучоци од мобилизацијата и впишувањето во регистарот за служење во војската на Украина.

Tука влегуваат лицата со инвалидитет и жени и мажи кои самостојно воспитуваат дете или деца под 18 години.

Понатаму, исклучок се жени и мажи старатели, старатели посвоители, згрижувачки родители кои одгледуваат дете со попреченост на возраст под 18 години, како и жени и мажи старатели, посвоители и згрижувачки родители кои воспитуваат дете со сериозно перинатално оштетување на нервниот систем, тешки вродени малформации, ретки болести, онколошки заболувања, церебрална парализа, дијабетес тип еден, хронично бубрежно заболување, дете кое се здобило со тешка повреда, има потреба од трансплантација на орган, палијативна нега потврдена со документ издаден од лекарско советодавна комисија, старатели на лице со попреченост, лица кои се занимаваат со трајно згрижување на лице со инвалидитет, жени и мажи кои имаат малолетно дете и сопруг или сопруга кои се во воена служба и така натаму. Очигледно е дека според Законот, има бројни исклучоци меѓу жените кои не треба да бидат впишани во регистарот, а не како што се тврди во постот што го рецензираме само мајки на деца до три години и бремени жени.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина дека од 1 октомври сите жени во Украина со исклучок на мајки со деца под три години и бремени жени ќе бидат запишани во воениот рок во Украина. Украинските жени нема да бидат регрутирани, туку запишани во воениот регистар и ќе има  голем број на исклучоци, а не само на мајки со деца под три години и бремени жени.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција