Реклама со фото од девојка во бикини на камион не е никакво чудо

Пост на Фејсбук преку кликбејт наслов се обидува да привлече што повеќе внимание од читателите, манипулирајќи ги дега ќе видат „нешто неверојатно“. Постот, имено, пренесува напис со наслов „(ФОТО I8+) Немa дa верувaте што се појaви нa aвтопатот Скопје – Велес сред бел ден“ и истиот во моментот на нашата анализа има речиси 65 интеракции (реакции, коментари и споделувања)

 

Пост на Фејсбук преку кликбејт наслов се обидува да привлече што повеќе внимание од читателите, манипулирајќи ги дега ќе видат „нешто неверојатно“. Постот, имено, пренесува напис со наслов „(ФОТО I8+) Немa дa верувaте што се појaви нa aвтопатот Скопје – Велес сред бел ден“ и истиот во моментот на нашата анализа има речиси 65 интеракции (реакции, коментари и споделувања).

Но, кога ќе го отворите написот ќе видите дека во него всушност нема ништо за неверување.

Оваа фотографија стана голем хит по социјалните мрежи и со брзо се прошири меѓу корисниците. Најпрвин фотографијата се појави на социјалната мрежа инстаграм каде ја споделија неколку профили за мемиња, но набрзо и меѓу корисниците на фејсбук. Изгледа дека шоферот на камионот го направил ова на камионот за време на паузите да има занимација. Според описот на фотографијата истата е направена на автопатот Скопје – Велес а ја фотографирале неколку граѓани, се вели меѓу другото во написот.

Станува збор за фотографија на која се гледа камион на чијашто позадина има реклама која содржи фото од девојка со бикини. И толку.

Вакви фотографии на камион не се ништо ново, а уште помалку „за неверување“. Дека тоа е така говорат и коментарите под постот каде читателите посочуваат дека камион со ваква фотографија не е никакво чудо и дека такви камиони има многу кои се движат насекаде низ Европа и пошироко.

Еден од коментарите под постот дури има објавено и фотографија од ист таков камион снимена на граничниот премин Хоргош во Србија.

Фотографија од таков камион може да се најде и на Твитер, а истата е објавена во октомври, 2018 година.

Дека камион со вакви фотографии не е никакво „чудо“ и не е ништо ново говори и фактот што на пребарувачот Гугл  има многу фотографии од слични камиони. Вакви фотографии можат да се најдат и на Пинтерест. Станува збор за обичен маркетинг, односно рекламирање на камиони (truck advertising) преку кое одредени фирми се рекламираат со цел да допрат до што поширок број на потрошувачи, имајќи предвид дека камионџиите поминуваат илјадници километри низ светот.

Од нашата анализа произлегува дека постот единствено има за цел да привлече што е можно повеќе кликови, тој е кликбејт-пост (clickbait), кој се служи со претерување и како таков врши манипулација на јавноста. Ваквите написи се објаснуваат како „претерувања кои се технички неточни, но се базираат врз вистински настани или изјави“ и тоа го прават на таков начин што го отстрануваат или прикриваат контекстот за да ја извршат манипулацијата.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција