Реконструиран автопатот Велес -Катланово

Во декември 2015 година заврши реновирањето на делницата Велес-Катланово, Фото: Скриншот

Проектот опфаќа рехабилитација на 23,5 км од автопатната делница од Велес до Катланово. По завршувањето на проектот, комплетно ќе се обнови асфалтот по целата должина од делницата, ќе се постават нови банкини и заштитници, мрежи за заштита од одрони, нова современа хоризонтална и вертикална сигнализација, со што ќе се овозможи зголемување на безбедноста при патување, намалување на бројот на сообраќајни незгоди, скрату- вање на времето на патување, како и намалување на трошоците за одржување на возилата кои поминуваат по таа делница. ( Средствата се обезбедени од ИПА-фондовите. Буџет: проценета вредност 8 милиони евра Рок: 2014-2015 Година)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

 Реконструкцијата на автопатот Велес – Катланово, што ја вети ВМРО-ДПМНЕ во Програмата (2014-2018),  „Проверено“ (стр.51),  е завршена.

Рехабилитацијата на оваа автопатска делница почна во јули 2014 година. На стартот на работите доскорешниот премиер, лидерт на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски рече:

Долгогодишното користење и големиот број поправки во минатото имаат оставено бројни лузни на патот и севкупно лоша слика за земјата. Реконструкцијата на овој патен правец беше повеќгодишно барање на нашите граѓани

Според тогашните најави санацијата требаше да заврши за една година (јули 2015), сепак тоа се случи неколку месеци подоцна, во декември 2015 година.

На 20 декември 2015 година, Груевски во изјава за медиумите рече:

Реконструкцијата на автопатот Велес – Скопје е во сам финиш. Треба да е готова за десетина дена. Се работи за инвестиција од седум милиони евра и за автопат долг 26 километри. Патот беше доста руиниран, имаше доста дупки, им правеше доста проблеми на возачите. За десетина дена би требало да е целосно завршен и пуштен во употреба, рече премиерот.

За овој проект  во Отчетот на Министерството за транспорт и врски за 2015 година (стр.7), каде се вели:

Во 2015 година комплетно ја рехабилитиравме автопатската делница од Велес до Катланово во должина од 23,5 километри.Со реконструкцијата целосно  се замени стариот со нов асвалт, се постави нова хоризонтална и вертикална сигнализација со што се зголеми безбедноста а воедно се забрза патувањето по оваа делница. Инвестицијата беше во вредност од 6,6 милиони евра.

Имајќи го предвид сето ова, може да се каже дека изборното ветување  „рехабилитација на автопатот Велес-Катланово“ е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција