Реконструиран е локалниот пат Кадино – Автопат А4 во Општина Илинден

Фото:ilinden.gov.mk

 Проект: Реконструкција на локален пат Кадино – Автопат А4

  [ИЗВОР: Изборна програма на Жика Стојановски за локалните избори 2017 година  – „Нова ера за Илинден“ (стр.17),  датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во кампањата за локалните избори (октомври 2017 година), градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски  како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за челната функција во Општината,  меѓу другото, вети и  реконструкција на локалниот пат Кадино – Автопат А4.  Ова ветување на Стојановски, дадено во неговата изборна програма  „Нова ера за Илинден“ (стр.17), во делот каде се говори за подобрување на патната инфраструктура, е исполнето.

Реконструкцијата на локалниот пат Кадино – Автопат А4   е направена во текот на летото (јули 2019),  а информација и фотографии се објавени во дел од медиумите и во општинскиот весник  „Илинден“.

Делницата е долга  1.600 метри, а според објавените информации,  покрај поставувањето нов асфалт направена е и реконструкција на два моста, изградба на тротоари, како и изградба на отворени одводни канали за зафаќање и одведување на атмосферските води. Проектот е реализиран во соработка со Министерството за финансии во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги кој е финансиран со заем од Светска банка. Вредноста на проектот изнесува приближно 30 милиони денари.

Рехабилитацијата и реконструкцијата на овој локален пат е од големо значење за локалналната самоуправа бидејќи претставува влез во Општина Илинден и главна врска со автопатот А4, коридор Скопје-Атина и поврзување со регионалниот пат Р-103.

ИЗВОРИ:

 

                           

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција