Реконструиран е патот во скопско Бојане

Фото: ФБ профил на градоначалникот на Општина Сарај

Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, во кампањата за локалните избори во 2017 година  вети асфалтирање и реконструкција на главната улица во село Бојане. Ова ветување на Беџети дадено во неговата во предизборна програма (стр.16) е исполнето. Реконструкцијата на патот во Бојане е завршена минатиот месец и тој е пуштен во употреба.

Ветување: Aсфалтирање на главната улица во Бојане

[Извор: Предизборна програма на градоначалникот Блерим Беџети, Општина Сарај (стр.16); датум: октомври 2017г. ]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, во кампањата за локалните избори во 2017 година  вети асфалтирање и реконструкција на главната улица во село Бојане. Ова ветување на Беџети дадено во неговата во предизборна програма (стр.16) е исполнето. Реконструкцијата на патот во Бојане е завршена минатиот месец и тој е пуштен во употреба.

На 7 септември градоначалникот на Сарај, Беџети, по повод официјалното пуштање во употреба на овој пат, на својот Фејсбук профил напиша напиша:

Во присуство на претседателот г -дин Али Ахмети, премиерот г. Зоран Заев и градоначалникот на Скопје г -дин Петре Шелегов денеска го пуштивме во употреба реконструираниот пат во населеното место Бојане. 
Патот е изграден по сите стандарди, со должина од 2,6 километри и ширина од 5,80 метри, нова водоводна мрежа околу 5 километри, фекална канализација 2 километри, атмосферска канализација 2 километри, тротоар околу 350 m2 и заштитен ѕид 700 метри.
Овој проект е резултат на одличната соработка помеѓу општина Сарај, градот Скопје и поддршката на централната власт и во име на жителите од Бојана и нашата општина ви благодарам од срце за извршенрата работа.

Вредноста на целиот проект за реконструкција на патот во село Бојане, како што извеести Беџети изнесува 83.851.201 денари.

Во врска со реконструкцијата на овој пат премиерот Заев на Фејсбук, меѓу другото, напиша:

Со подобрување на инфраструктурата низ цела држава го подобруваме квалитетот на живот на сите граѓани. До крајот на 2022 година очекуваме да бидат рехабилитирани меѓу 120 и 150 километри локални улици и патишта. Реконструкцијата на патот до село Бојане е само еден од десетиците инвестициони проекти на локалните власти во Северна Македонија кои ја имаат целосната поддршка на Владата низ повеќе различни програми.

Фото: ФБ профил на градоначалникот на Општина Сарај

Со оглед на тоа што главната улица во селото Бојане е изградена и пуштена во употреба, ова ветување на градоначалникот Беџети го оценуваме како исполнето.

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

 


Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција