Реконструирана е улицата „Џон Кенеди“ во Чаир

Фото: Официјален Фејсбук профил на Град Скопје

Ветувањето на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов за реконструкција  на улицата „Џон Кенеди“  во Општина Чаир, е исполнето. Градежните активности на оваа улица стартуваа на почетоткот на септември и го опфатија  потегот од улицата „Македонско-косовска бригада“ до булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, во должина од 1.123 метри. Реконструцијата на споменатата сообраќајница  е завршена  во октомври минатата година (2020).

Реконструкција на улицата Џон Кенеди (од улицата „Македонско-косовска бригада“ до булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“)

[Извор: Официјална веб-страница на Град Скопје; Датум: април 2020г.]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов за реконструкција  на улицата „Џон Кенеди  во Општина Чаир, е исполнето.  Ова ветување Шилегов го даде во април минатата година на прес-конференција, најавувајќи градежна офанзива на градските сообраќајници. Реконструцијата на споменатата сообраќајница  е завршена  во октомври минатата година (2020).

Градежните активности на улицата Џон Кенеди стартуваа на почетоткот на септември и го опфатија  потегот од улицата „Македонско-косовска бригада“ до булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, во должина од 1.123 метри.

Градоначалникот Шилегов тогаш на прес-конференција информираше дека на оваа улица ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот,  нивелација на шахтите и замена на рабниците онаму каде што се оштетени, а со цел да се обезбеди поквалитетна и подобра инфраструктура. Како што беше кажано, вредноста на проектот за обнова на улицата „Џон Кенеди“ изнесува околу 25,8 милиони денари, а рокот на изведба 40 дена.

Фото: skopje.gov.mk

Реконструкцијата на оваа фреквентна улица во Општина Чаир финишираше во средината на октомври. Информација и фотографии за тоа има на официјалниот Фејсбук профил на Град Скопје , а во објавата, меѓу другото, е наведено дека:

Екипи на Град Скопје ја реконструираа улицата Џон Кенеди во општина Чаир, на потегот од булеварот Македонскокосовска бригада до булеварот Христијан Тодоровски Карпош, во должина од 1.123 метри. На овој потег се обновени коловозот и тротоарите

Фото: Официјален Фејсбук профил на Град Скопје

Обновената улица „Џон Кенеди“ е прикажана и на видеото насловено „Градежна офанзива 2020“,  кое на крајот на ноември го објави Град Скопје (45-47 секунда од видеото).

Фото: Принтскрин – официјален Фејсбук профил на Град Скопје

.

 

ИЗВОРИ:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција