Реконструирана е улицата „Лазар Личеноски“ од СРЦ „Кале“ до булеварот „Никола Карев“
Реконструкција на улицата Лазар Личеноски – фаза 2;
[Извор: Официјална веб-страница на Град Скопје; Датум: април 2020г.]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ветувањето на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за реконструкција на улицата „Лазар Личеноски“ е исполнето. Ова ветување Шилегов го даде пред неколку месеци на прес-конференција, најавувајќи градежна офанзива на градските сообраќајници.
Реконструкцијата на оваа сообраќајница во Скопје започна на пчетокот на септември и го опфати потегот од СРЦ „Кале“ до крстосницата со булеварот „Никола Карев“, што претставува втора фаза од обновата на оваа улица.

Градежните работи на споменатата делница завршија минатиот месец. Од Град Скопје информираа дека е направена целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.300 метри, реконструкција и проширување на постојните тротоари, како и замена на оштетените рабници.

Информација и фотографии за завршувањето на реконструкцијата на оваа сообраќајница се објавени на официјалната веб-страница на Град Скопје и во повеќе во медиуми.
ИЗВОРИ:
- Официјална веб-страница на Град Скопје (29.04.2020): Шилегов ја најави градежната офанзива за ова лето [Проверено на: 27.11.2020]
- Макфакс (30.04.2020): (Видео) Шилегов најави градежна офанзива ова лето [Проверено на:27.11.2020]
- Грид.мк (30.04.2020): Град Скопје со нова офанзива за изградба и реконструкција на градските улици [Проверено на: 27.11.2020]
- Официјална веб-страница на Град Скопје (18.10.2020): Улиците Лазар Личеноски и Востаничка од утре отворени за користење -Градот Скопје ги заврши реконструкциите во рекордно време[Проверено на: 27.11.2020]
- Тајм.мк (18.10.2020): Завршува реконструкцијата на три скопски сообраќајници [Проверено на: 27.11.2020]
- Канал 5 (18.10.2020): Град Скопје: Улиците Лазар Личеноски и Востаничка од утре отворени за користење [Проверено на: 27.11.2020]
- Официјална вб-страница на Грда Скопје (04.09.2020): Од денеска се реконструира и втората делница од улицата Лазар Личеноски [Проверено на: 27.11.2020]
- Тајм.мк (04.09.2020): Почна реконструкцијата на вториот дел од улицата „Лазар Личеноски“ [Проверено на: 27.11.2020]
- Прес 24 (04.09.2020): Шилегов: Од денеска се реконструира и втората делница од улицата „Лазар Личеноски“ [Проверено на: 27.11.2020]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар