Реконструирана фискултурната сала во ОУ„Браќа Миладиновци“ во Аеродром
Проект: Реконструкција на спортската сала на ОУ „Браќа Миладиновци“
Опис на проектот: Реконструкцијата ќе опфати замена на под, дрвена сто- ларија, спортски реквизити, реконструкција на електрична инсталација и реконструкција на гардероби и санитарни јазли во склоп на салата. (Средства: 2.000.000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: септември 2013 година)
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски за локалните избори во 2013 година, во неговата Изборна програма насловена: „ Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Аеродром!“ во делот „Образование и наука“ (стр.23), вети реконструкција на спортската сала во основното училиште „Браќа Миладиновци“. Ова негово изборно ветување е исполнето.
Според информациите објавени во медиумите, спортската сала во училиштето „Браќа Миладиновци“ почна да се реновира пролетта 2013 година, во рамки на проектот за реконструкција на спортските сали во основните училишта во Аеродром („Димитар Македонски“, „Лазо Ангеловски“, „Ѓорѓија Пулевски“, „Љубен Лапе“, „Браќа Миладиновци“ и „Блаже Конески“) и истата беше целосно реновирана пред почетокот на учебната година (2013).
Во информација во медиумите од август 2013 година може да се прочита дека е при крај проектот за реновирањето училишните фискултурни сали во оваа Општина.
Во општинскиот весник бр.54 (септември – октомври 2013 година) е објавен напис со наслов: „ Реконструирани спортските сали“(стр.7) , во кој се вели дека тогашниот министер за образование и наука, Спиро Ристовски и градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски
на 26.8.2013 година свечено ги пуштија во употреба реконструираните спортски сали во основните училишта во Општината.
Истата информација ја има и на веб – страницата на Општина Аеродром, каде, меѓу другото е наведено:
Во рамки на проектот за реконструкција на спортските сали беа опфатени и соблекувалните, како и просториите за реквизити. Исто така, беа реконструирани покривите на спортските сали во некои училишта, се промени внатрешната столарија, се реновираа санитарните јазли, се поставија заштитни решетки на прозорците и вратите во спортските сали, се заменија подовите и плочките во соблекувалните и ходниците. Се мoлерисаа ѕидовите и плафоните, а се реконструираше и водоводната, канализациската и електрична инсталација и се постави инсталација за греење и проветрување на салите. Средствата од речиси 30 милиони денари се обезбедени од Буџетот на Општина Аеродром (Коневски)
Во врска со овој проект, од Општина Аеродром за „Вистиномер“ потврдија дека реконструкцијата на салите во училиштата во Аеродром, вклучувајќи го и ОУ „Браќа Миладиновци“, е направена пред стартот на учебната 2013 година.
ИЗВОРИ:
- Извор: Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2013 година – „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Аеродром“,(Образование и наука , стр.23) [Пристапено: 28.06.2017]
- Веб-страница на Општина Аеродром: (септември – октомври 2013): Весник на Општина Аеродром (стр.7) [Пристапено: 28.06.2017]
- Фактор (19.06.2013) Реконструираат спортските сали во Аеродром [Пристапено на 28.06.2017]
- Точка (02.02.2013) Ќе се реконструираат спортските сали во основните училишта во Аеродром [Пристапено: 28.06.2017]
- Република (02.02.2013): Ќе се реконструираат спортските сали во основните училишта во Аеродром [Пристапено: 28.06.2017]
- Тајм.мк (26.08.2013): Салите реновирани, сега нема изговор за бегање од физичко [Пристапено: 28.06.2017]
- Прес24 (26.08.2013) ФОТО: Основците од Аеродром ќе вежбаат во реновирани спортски сали [Пристапено: 28.06.2017]
Оцени: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар