Реконструирана Спомен – костурницата во Велес

Санацијата на Споменикот на паднатите борци од НОВ од Велес и Велешко заврши на крајот на 2015 година Фото: commons.wikimedia.org

ПРОЕКТ: САНАЦИЈА НА СПОМЕНИКОТ НА ПАДНАТИТЕ БОРЦИ ОД НОВ ОД ВЕЛЕС И ВЕЛЕШКО

Продолжуваме со комплетната санација на покривната површина на овој споменик на културата кој е своевиден белег на градот Велес и кој поседува импозантен ѕиден мозаик од пет сцени, дело на современиот македонски сликар Петар Мазев. Носител: НУ Национален конзерваторски центар – Скопје (Буџет: 4.300.000 денари РОК: 2015 Година)

 ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Реконструкцијата на Спомен костурницата во Велес е завршена на крајот на 2015 година. Ова е исполнето ветување на ВМРО-ДПМНЕ дадено во изборната програма  „Проверено“ (2014-2018) во делот „Поквалитетен живот за сите“ (Култура и уметност  стр.329).

Во октомври 2015 година медиумите информираа дека  е во  завршна фаза е санацијата на Споменикот на паднатите борци од НОВ од Велес предвидена со Програмата на Министерството за култура.

Беа преземени интервенции за превентивна заштита на покривот за да нема прокиснување, што претставува проблем уште од времето на изградбата на објектот. Изведено е и превентивно санирање на екстериерот и интервенција со инјектирање на сите прозорски отвори, промена на оштетените делови  и поставување на нов плексиглас. Надлежните екипи ја завршија и санацијата на изолацискиот слој на споменикот, а се изведуваше и дел од санацијата на завршниот, фасаден слој, за што активностите се во завршна фаза.

Целосната реализација на проектот за санација на Споменикот на паднатите борци од НОВ од Велес и Велешко е предвидено да заврши до крајот на годината, со што конечно ќе биде соодветно заштитен еден значаен споменик на културата.

На  16 јануари 2016 година министерката за култура  Елизабета Канческа – Милевска заедно со директорот на Националниот конзерваторски центар Мемет Селмани, градоначалникот на Велес Славчо Чадиев и директорите на културните институции од Велес ја посетија завршената Спомен – костурница во Велес. Во оваа пригода Канческа-Милевска информираше дека во реконструкцијата на овој значаен споменик на културата од НОВ, Министерството од својот буџет издвоило 4,5 милиони денари, при што е направена надворешна екстериена реконструкција на Костурницата со заштитен слој да се заштити внатрешноста од прокиснување од дожд и снег, потоа е извршена и внатрешна реконструција, како и реконструкција на вредниот мозаик во внатрешноста кој е дело на академик Петар Мазев.

Објектот е спцифичен затоа и реконструкцијата беше детално правена, а сè со цел да се заштити овој значаен споменик на културата.Со извршената санација, она што граѓаните на Велес го очекуваа и е значајно за градот, верувам дека овој значен споменик на културата повторно ќе си го најде своето значење и важност (Канческа – Милевска)

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на текстот е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција