Реконструирана спортската сала во О.У. „Перпарими“ во Чегране

Во текот на изборната кампања во 2014 година, во гостиварскотото село Чегране, градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта, вети дека ќе се изгради спортска сала на ова место. И во Политичката платформа беше предвиденa реконструкција на спортската сала во О.У. „Перпарими“ во село Чегране, Гостивар. Проектот требаше да се заврши во периодот 2013-2017.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот „Реконструкција на спортската сала во О.У. „Перпарими“ во село Чегране е потполно реализиран.

Во месец март 2013 година, градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта, вети дека во следниот мандат (2014-2018), ќе продолжи да гради во Гостивар, особено ќе се изградат спортски сали.

На 21 октомври 2014, градоначалникот Бејта, заедно за раководителите на неколку централни и локални институции, во село Чегране ја промовира реконструкцијата на спортската сала во основното училиште „Перпарими“ во истото село.

„…Како што им ветивме на жителите на Чегране, на директорот, наставниците, учениците и родителите, ние ја реконструиравме салата. Општина Гостивар издвои околу 10 илјади евра…„. (Извор: TВ Глоби)

Во спортската сала се извршени следните работи: бојадисана е салата, бојадисани се вратите и прозорците, поправен е подот, поправена е електричната инсталација и осветлувањето, исто така и греењето. (Извор: Служба за информирање, Општина Гостивар)

Според методологијата на Вистиномер, можеме да констатираме дека проектот „ Реконструкција на спортската сала на О.У. ,Перпарими’ – с. Чегране, (Гостивар)“, е потполно реализира

ИЗВОРИ:

Оценила: Рабие Абази

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција