Реконструирана спортската сала во ОУ „Блаже Конески“

Спортската сала во ОУ „Блаже Конески е реновирана во август 2013 година Фото: Принтскрин

Проект: Реконструкција на спортската сала на ОУ „Блаже Конески“.

Реконструкцијата ќе опфати замена на под, дрвена столарија, спортски реквизити, реконструкција на електрична инсталација и реконструкција на гардероби и санитарни јазли во склоп на салата. (Средства: 2.000.000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината, рок: септември 2013)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски во својата изборна програма „Мојот избор“ (Образование и наука , стр.23), со која излезе на локалните избори во 2013 година, вети реконструкција на спортската сала во Основното училиште „Блаже Конески“. Ова ветување го оценуваме како реализирано.

Во февруари 2013 година градоначалникот Коневски, заедно со тогашниот министер за образование и наука, Панче Кралев и поранешниот директорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазар Поповски,  го промовираа проектот за реконструкција на спортските сали во основните училишта „Димитар Македонски“, „Лазо Ангеловски“, „Ѓорѓија Пулевски“, „Љубен Лапе“, „Браќа Миладиновци“ и „Блаже Конески“.

Конески тогаш изјави:

Со оваа крупна инвестиција, очекуваме основните училишта целосно да се модернизираат, а учениците конечно да добијат соодветни услови за спортување на местата каде што го челичат своето здравје 

Во јуни 2013 година имаше информација дека ќе стартува реконструкцијата на салите во споменатите основни училишта во Општина Аеродром, при што беше соопштено дека градежните рабоити  во ОУ „Блаже Конески“ се почнати.

Ќе се изврши реконструкција на спортските сали, соблекувалните и просториите за реквизити, ќе се реконструираат покривите на спортските сали во некои училишта, ќе се промени внатрешната столарија, ќе се реновираат санитарните јазли, ќе се постават заштитни решетки на прозорците и вратите, а ќе се заменат и подовите и плочките во соблекувалните и ходниците. Ќе се молерисуваат ѕидовите и плафоните, а ќе се реконструира и водоводната, канализациската и електричната инсталација (Коневски).

На 26 август 2013 година градоначалникот на Општина Аеродром, Коневски и тогашниот министерот за образование и наука Спиро Ристовски ја промовираа завршната фаза од проектот на реновирање на спорткисте сали на основните училишта во оваа Општина, а официјално беше пуштена во употреба и салата во ОУ „Блаже Конески“.

Оваа спортска сала е целосно реконструирана. Опфатен е подот, реквизитите, покривната конструкција, прозорци, тоалети и сите работи што се во делот на столаријата. Очекувам до почетокот на учебната година сите спортски сали да бидат целосно реконструирани и, конечно, децата да добијат подобри услови за одржување на часот по физичко воспитување (Конески)

Од сето ова може да се заклучи дека ветувањето за за реконструкција на спортската сала во Основното училиште „Блаже Конески“ е реализирано.

 

ЛИНКОВИ:

 

Оценето од: Владе Ѓорчев

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција