Реконструирани улиците „Абас Емин“ и „15 Корпус“ во Охрид

Фото: Принтскрин колаж - ohrid.gov.mk

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески пролетта 2019 година во кампањата за предвремените избори во оваа општина, вети реконструкција и уредување на неколку клучни сообраќајници во Охрид, меѓу кои и улиците „Абас Емин“ и  „15 Корпус“. Ова ветување на градоначалникот на Георгиески може да се оцени како исполнето. И двете  сообраќајници се реконструирани и имаат нов лик.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески пролетта 2019 година во кампањата за предвремените избори во оваа општина, вети реконструкција и уредување на неколку клучни сообраќајници во Охрид, меѓу кои и улиците „Абас Емин“ и  „15 Корпус“.

За прв пат после децении ќе биде уреден влезот на Охрид од Битола, ќе биде комплетно реконструирана улицата „15 Корпус“. Комплетно ќе биде реконструирана и улицата „Абас Емин“, како една од главните артерии во Охрид. Нашата цел е Охрид да добие инфраструктура која ќе овозможи негов одржлив развој, како туристички и културен центар, вети тогаш Георгиески како кандидат на СДСМ за градоначалник на Охрид. 

 [Извор Охриднет.ком; датум: 11.04 2019 г.]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ова ветување на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески може да се оцени како исполнето. И двете сообраќајници се реконструирани и имаат нов лик.

Градежните работи на улицата „15 Корпус“, како една од најфрекрфентните сообраќајници во градот на влезот на Охрид од страната на Битола, започнаа во февруари 2020 година.

Моментално во тек се градежни активности за поставување атмосферска канлизација на улицата на потег од вкупна должина од 610 метри.Наскоро ќе започнат активности за целосна реконструкција на улицата 15 Корпус, пренесе агенцијата Миа.

На 25 април 2020 година започна и реконструкцијата на улицата „Абас Емин“, еден од посложените проекти, кои се реализираа во две фази. Првата, изведба на фекалната, атмосферската и водоводната мрежа, а втората – реконструкција на коловозната лента.

Денеска започнува реализација на еден од најважните инфраструктурни проекти во Охрид, а тоа е комплетна реконструкција на улицата „Абас Емин“.Со ова, конечно се решава еден децениски проблем и се обезбедуваат подобри услови за жителите на Општина Охрид. Проектот е поделен на два дела, првиот дел, за изведба и реконструкција на фекалната, атмосферската и водоводната мрежа на улицата се реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски и со средства од Европската банка за обнова и развој. Вториот дел од инвестицијата, кој опфаќа комплетна реконструкција на коловозната лента и тротоарите во должина од 1100 метри, изјави градоначалникот Георгиески на стартот на проектот.

Реконструкцијата на улицата „15 Корпус“ е завршена, а сообраќајницата беше пуштена во употреба минатиот месец (24.07.2021).

Улицата во должина од 1.900 метри на потегот од крстосницата со улица „Железничка“ до влезот во село Лескоец сега има модерен и уреден изглед и овозможува поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Поставен е нов асфалт на коловозната лента, комплетно се уредени пашачките и велосипедските патеки од двете страни на улицата. Извршена е замена на атмосферската канализација, поставена е нова водоводна линија на еден потег на улицата и изградени се три потпорни ѕидови. Поставено е ново осветлување, соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација. Вкупната вредност на овој проект е 58 милиони денари. Од нив 30 милиони денари беа обезбедени од буџетот на Општина Охрид, а 28 милиони денари беа обезбедени од ЈП „Државни патишта“, рече градоначаникот Георгиески на свеченото пуштање на сообраќајницата во употреба.

Привршува и реконструкцијата на улицата „Абас Емин“. Моментално се посипува со вториот асфалт и деновиве се очекува оваа сообрќајница да биде завршена.

Вчера (19.08.2021) од локалната самоуправа информираа  дека по интензивните  градежни активности кои се одвиваа во изминатите 13 месеци, започна поставувањето на вториот асфлатен слој на коловозот на улицата „Абас Емин“, со што целосно ќе се комплетира реконструкцијата на една од најважните улици во Охрид.

Охриѓани знаат дека со реализацијата на овој проект, успеавме да покажеме вистинска грижа за најприоритетните инфраструктурни потреби и дека имаме капацитет за решавање на децениски проблеми. Охриѓани знаат дека реконструкцијата на оваа улица беше ветувана и споменувана од сите претходни градоначалници и локални власти, но до сега, никој немаше храброст да го започне и да го реализира овој проект, рече градоначалникот Георгиески.

Денес (20.08.2021 г.) финишира поставувањето на вториот асфалтен слој на улицата „Абас Емин“. Од локалната самоуправа ни рекоа дека во следните неколку денови ќе биде поставена и сообраќајна сигнализација, со што целосно ќе биде реализиран овој проект.

Имајќи го предвид сето ова, ветувањето на Георгиески за реконструкција на улиците „Абас Емин“ и „15 Корпус“, го оценуваме како исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Соња Рилковска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција