Реконструкцијата на детската градинка во Валандово е во тек

Фото: скриншот од анимациско видео за градинката-извор МЛС/Влада на РСМ

Во предизборната 2017 г. градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, како кандидат на СДСМ за челната функција во Општината, го даде следното ветување за коешто оценуваме дека е во тек на реализација:

Внатрешна реконструкција и модернизација на детската градинка „Калинка“ во Валандово;

[ Извор: Предизборна програма на Перо Костадинов (СДСМ) – датум, октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проверката на ветувањето дадено во предизборната програма на градоначалникот на Валандово,, Перо Костадинов, за реконструкција и модернизација на детската градинка „Калинка“, покажа дека е во тек.

Ветувањето е дадено во програмата „Живот за сите во Валандово“ на стр. 12 во делот од работите што се планирани за децата во Општината.

На веб-сајтот на Општина Валандово може да се најде информацијата дека со градежните работи се започнало последниот ден од јули годинава:

Започнаа градежните работи на детската градинка “Калинка” – Валандово, која се трансформира во целосно реконструиран и енергетски ефикасен објект со исполнети предуслови за голема заштеда на енергија.

На 15.10.2019 година нова информација околу овој проект споделиja градоначалникот и министерот за локална самоуправа Горан Милевски: Се обновува валандовската градинка „Калинка“ – подобри услови за над 140 деца (наслов на вест на Макфакс).

Во информацијата се наведува дека градежните активности се очекува да завршат до крај на годинава и дека проектот вреден околу 400 илјади евра е финансиран од локалната самоуправа со помал дел и од Министерството преку пари од ИПА фондовите на ЕУ, со поголем дел. По завршувањето на проектот градинката се очекува да троши и до 70 отсто помалку за електрична енергија, покрај сите подобрени услови за престој на децата.

Според достапните факти, ова изборно ветување на градоначалникот Костадинов  може да се оцени дека е во тек.

ИЗВОРИ:

 

Оценил: Тео Блажевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција