Религиската определба не диктира дали една земја ќе стане дел од ЕУ

Влезот во Европскиот парламент Фото: Hartmut Schmidt Heidelberg, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Религиската определба на населението во Албанија не диктира дали земјата ќе биде дел од ЕУ. ЕУ е секуларна политичка и економска унија, а членството се базира на исполнување на Копенхашките критериуми (поставени во 1993 година), кои вклучуваат: стабилни демократски институции (владеење на правото, човекови права, заштита на малцинствата), функционална пазарна економија способна да се справи со конкуренцијата од ЕУ, усвојување на законите и стандардите на ЕУ (acquis communautaire).

Религиската определба на населението во Албанија не диктира дали земјата ќе биде дел од ЕУ. ЕУ е секуларна политичка и економска унија, а членството се базира на исполнување на Копенхашките критериуми (поставени во 1993 година), кои вклучуваат: стабилни демократски институции (владеење на правото, човекови права, заштита на малцинствата), функционална пазарна економија способна да се справи со конкуренцијата од ЕУ, усвојување на законите и стандардите на ЕУ 

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео-материјал и пишува:

Колку чини влез во ЕУ. Албанија ја откри својата прва статуа на Исус Христос, подигната во регионот Никај-Мертур во Тропоја, длабоко во Албанските Алпи. Сместен на камена платформа со прекрасна планинска позадина, споменикот го евоцира стилот на иконски знаменитости како што е во Рио де Жанеиро. Ако им кажат дека им е национален интерес и јудејци ќе станат. Знаат дека, како муслиманска држава, никогаш нема да бидат дел од ЕУ, па затоа ги фалсификуваат пописите, каде што наводно за прв пат имало повеќе христијани.

Најновиот, дванаесетти национален попис во Албанија беше спроведен во септември 2023 година.

Според официјалните податоци од пописот муслимани се 45,86 проценти, бекташи муслимани 4,81 процент, католици 8,38 проценти, источни православни христијани 7,22 проценти, евангелисти 0,4 проценти, други религии 0,15 проценти, верници без деноминација 13,82 проценти, атеисти 3,55 проценти. А 15,76 проценти не дале одговор.

Извор сајт на Албанија за попис 2023
Извор: Национален институт за статистика на Албанија, попис 2023

 

Вкупното муслиманско население (сунити и бекташи) е приближно 50,7 проценти, вкупното христијанско население (католици, православни и евангелисти) е приближно 16 проценти. Значителен сегмент близу 14 проценти се идентификуваат како верници без деноминација. Православната црква ги критикуваше резултатите од пописот, тврдејќи дека тие ги потценуваат вистинските верници. Тие забележуваат дека прашањето за религиозната припадност било опционално и дека многу испитаници не биле анкетирани или избрале да не одговорат. Тие проценуваат дека православната заедница е многу поголема од објавената бројка.

Во секој случај не е точно наведеното во објавата дека откривањето на оваа статуа има било каква врска со влезот на Албанија во ЕУ. Особено не е точно дека „Албанија како муслиманска држава никогаш не би била дел од ЕУ па затоа ги фалсификува пописите каде наводно за првпат имало повеќе христијани“. На последниот официјален попис во Албанија спроведен во 2023 има повеќе муслимани од христијани. Па сепак Албанија напредува на патот кон ЕУ независно од тоа дали населението во земјата е религиски определено или не и независно од тоа како се определува истото. На самиот попис прашањето за религиозната определба било опционално, односно можело и да не се одговори.

Да, граѓанска должност на секое лице е да учествува во пописот. Според законот, секое лице кое во времето на пописот вообичаено живее на територијата на Република Албанија е должно да ги даде потребните информации во прашалниците за пописот, на целосен, точен и веродостоен начин. Единствени исклучоци се прашањата за етничка припадност, религија и јазик, за кои можете да ја изберете опцијата „Претпочитам да не одговорам“, наведено е на сајтот на Националениот институт за статистика на Албанија од 2023.

Не е точно дека првпат имало повеќе христијани на пописот во Албанија, а бројките се наведени погоре во оваа рецензија. Религиската определба на населението во Албанија не диктира дали земјата ќе биде дел од ЕУ. ЕУ е секуларна политичка и економска унија, а членството се базира на исполнување на Копенхашките критериуми (поставени во 1993 година), кои вклучуваат: стабилни демократски институции (владеење на правото, човекови права, заштита на малцинствата), функционална пазарна економија способна да се справи со конкуренцијата од ЕУ, усвојување на законите и стандардите на ЕУ (acquis communautaire).

Религијата не е услов за влез во ЕУ. Всушност, ЕУ е религиозно разновидна. Има претежно католички земји (Италија, Полска, Шпанија), претежно протестантски земји (Шведска, Данска, Финска), претежно православни земји (Грција, Бугарија, Романија, Кипар).

Албанија, секуларната држава со муслиманско мнозинство, е кандидат за ЕУ. Босна и Херцеговина , Косово и Турција (сите со значително муслиманско население) се исто така во процесот, иако кандидатурата на Турција е во застој од политички, а не од религиозни причини.

Договорите на ЕУ ја нагласуваат слободата на религијата и верувањето но членството е поврзано со политички и економски критериуми, а не со верата.

Статуата која што е презентирана во склоп на објавата која ја рецензираме е првата статуа на Исус Христос подигната во „Албанските Алпи“, но не е прва статуа на Христос во Албанија, туку е прва статуа во стилот на бразилската скулптура во брдата над Рио де Жанеиро.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција