Рената Дескоска
Министер за правда во Владата на РМ предводена од Зоран Заев, избрана на 31 мај 2017 година
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
-Родена е на 3.05.1972 година во Скопје. Дипломира на Правниот факултет во Скопје во 1994 година и таму ја заснова својата професионална кариера. Покрај научната работа и професионалната политичка кариера која ја започнува во 2014 година, Дескоска е љубител на книжевноста и автор на драма, збирка поезија и други книжевни дела кои ги објавува во раните деведесети години на минатиот век.
КАРИЕРА
-Демонстратор и асистент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ во Скопје од 1995 до 2003 година
-Избрана е за Доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ во Скопје од 2003-2008 година
-Прогласена е во звањето Вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ во Скопје од 2008-2012 г.
-Го добива звањето Редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ во Скопје во 2012 година
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
-Политичката кариера ја започнува во СДСМ, а во органите и телата на партија е заедно со гарнитурата што доаѓа по изборот на Зоран Заев за претседател на партијата.
-Во 2014 година станува пратеник во Собранието на РМ, како носител на листа на СДСМ на вонредните избори во таа година
-На 31.05.2017 г. избрана е за министер за образование во Владата предводена од Зоран Заев
ИЗВОРИ:
Собрание на РМ – Веб сајт
Правен Факултет „Јустинија Први“ при УКИМ, Скопје – Веб сајт
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар