Реновирана е фискултурната сала во ОУ „Димитар Македонски“ во Аеродром
Проект: Реконструкција на спортската сала на ОУ „Димитар Македонски“
Опис на проектот: Реконструкцијата ќе опфати замена на под, дрвена сто- ларија, спортски реквизити, реконструкција на електрична инсталација и вентилација и реконструкција на гардероби и санитарни јазли во склоп на салата. (Средства: 2.000.000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: септември 2013 година)
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Проектот: Реконструкција на спортската сала на ОУ „Димитар Македонски“ , е исполнето ветување на на градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски. Овој проект е дел од неговата Изборна програма со која настапи на локалните избори во 2013 година, Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Аеродром! (Образование и наука , стр.23).
Во август 2013 година медиумите информираа дека е во завршна фаза проектот за реновирање на училишните фискултурни сали во Општина Аеродром. Тогаш беше соопштено дека
шест основни училишта во Аеродром до почетокот на новата учебна година (2013) ќе имаат целосно реконструирани спортски сали, за што општината од буџетот обезбеди околу 30 милиони денари.
Реконструкцијата на спортската сала во ОУ „Димитар Македонски“, според информациите објавени во медиумите, почна пролетта 2013 година, во рамки на проектот за реконструкција на фискултурните сали во основните училишта во Аеродром („Димитар Македонски“, „Лазо Ангеловски“, „Ѓорѓија Пулевски“, „Љубен Лапе“, „Браќа Миладиновци“ и „Блаже Конески“)
На 26.08.2013 година во весникот на Општина Аеродром бр.54 (стр.7) и на на веб – страницата на Општината е објавен текст во кој се вели дека тогашниот министер за образование и наука, Спиро Ристовски и градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски ги пуштиле во употреба реконструираните спортски сали во основните училишта во Општината.

Од Општина Аеродром за „Вистиномер“ потврдија дека реконструкцијата на салите во училиштата во Аеродром, вклучувајќи го и ОУ „Димитар Македонски“ , е направена пред стартот на учебната 2013 година.
ИЗВОРИ:
- Извор: Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2013 година – „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Аеродром“,(Образование и наука , стр.23) [Пристапено: 03.07.2017]
- Фактор (19.06.2013) Реконструираат спортските сали во Аеродром Реконструираат спортските сали во Аеродром [Пристапено на 03.07.2017]
- Точка (02.02.2013) Ќе се реконструираат спортските сали во основните училишта во Аеродром [Пристапено: 03.07.2017]
- Република (02.02.2013): Ќе се реконструираат спортските сали во основните училишта во Аеродром [Пристапено: 03.07.2017]
- Тајм.мк (26.08.2013): Салите реновирани, сега нема изговор за бегање од физичко [Пристапено: 03.07.2017]
- Прес24 (26.08.2013) ФОТО: Основците од Аеродром ќе вежбаат во реновирани спортски сали [Пристапено: 03.07.2017]
Оцени: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар