Репортажа: Цените на овошјето и зеленчукот во Грција исти или пониски од кај нас

Цената на маслото во маркетите во Грција. Фото: Анета Додевска/Portalb.mk

Цените на дел од овошјето и зеленчукот во Грција, во пикот на глобалната борба со инфлацијата, се исти или дури и пониски од оние во С. Македонија. Килограм домати се продаваат по 140 денари, а килограм јаболка чини 110 денари, исто како и кај нас, пишува Порталб. Во пресрет на годинешната летна сезона цените во рестораните во соседна Грција главно остануваат на исто ланско ниво, но во продавниците се забележува поскапување

Цените на дел од овошјето и зеленчукот во Грција, во пикот на глобалната борба со инфлацијата, се исти или дури и пониски од оние во С. Македонија. Килограм домати се продаваат по 140 денари, а килограм јаболка чини 110 денари, исто како и кај нас, пишува Порталб. Во пресрет на годинешната летна сезона цените во рестораните во соседна Грција главно остануваат на исто ланско ниво, но во продавниците се забележува поскапување

Цени во ресторани, храна, бензин

Цените на чоколадите, маслото за јадење, дел од кондиторски производи за готвење во грчките маркети во туристичките места кои се географски блиску и најпосетувани од нашите граѓани, се речиси исти или дури и пониски од оние во државава. Официјалната статистика на Грција измери мартовски пораст на цените, највисок за околу 3 отсто кај млечните производи и тестенините.

Секој ден коригираме по некоја цена, трошоците за работа се зголемени, но не можеме одеднаш да ги зголемиме цените. Поскапувањата веќе се одразуваат во продажбата, луѓето селектираат што ќе купат и колку ќе купатвели сопственик на маркет во едно од туристичките гратчиња кое веќе ги прими првите туристи од Македонија, Србија па дури од Германија.

Какви се цените на основните прехранбени производи во маркетите и во пекарите? Чоколада од 100 грама се продава по цена од 50 денари па нагоре, во зависност од брендот. Во споредба со нашите домашни цени, грчките се повисоки кај тестенините, едно пакување макарони чини околу 102 денари, но најниската цена за растителното масло за јадење може да биде и 128 денари за литар, што е скоро на исто ниво како и на нашиот пазар. Дел од кондиторските производи се со скоро исти па дури и пониски цени во споредба со нашите, па така 500 грама доматно пире чини 80 денари. Пред почетокот на оваа летна сезона во однос на ланската, според трговците со кои разговараме, нема значајни разлики во цените на овошјето и зеленчукот. Но, голема разлика нема и во однос на цените кај нас. Еден килограм домат, во зависност од сортата, се продава од 140 денари до 182 денари. Килограм кромид чини 50,4 денари, јаболките се продаваат по цена од 110 до 153 денари.

Споредбата со цените кај нас покажува дека во Грција, средствата за лична хигиена се речиси со исти па дури и за одредени производи, со пониски цени. Така на пример бренд купка за бањање од 750 милилитри се продава за 2,39 евра или за само 147 денари, а поголемо пакување на хигиенски влошки чини 163 денари, што е цена пониска или иста со онаа на нашиот домашен пазар.

Во пекарите и во таверните има нагорна корекција на дел од производите, па така познатото гиро веќе чини 5 евра или повеќе, во зависност од туристичкото место. Во пекарите, цената на крофните се движи од 73 денари па нагоре додека цената на ѓевречето изнесува од 43 и 45  денари.

Засега рестораните ги задржаа цените на храната и на пијалаците, иако во дел од кафетериите покрај море, цената на грчкото фрапе достигна 5 евра и повеќе. Во таверните газиран сок чини 2,5 евра или 154 денари, а 1 литар вода 3,5 евра или 215 денари.

Во рестораните, порција морска храна чини од 14 до 16 евра, а цените на салатите, како што се грчка и цезар салата, се движат од 8,5 до 11,5 евра.   

Изминатиот период најголем ценовен притисок беше регистриран кај горивата, па така литар дизел гориво во средината на овој месец се продаваше за 138,5 денари додека цената на бензините се движи од 2,06 евра до 2,17 евра или од 127,4 до 134,2 евра.

Во пресрет на летото, заминувањето во соседна Грција веќе е проблематично за нашите граѓани поради новиот ЕЕС систем за задолжително фотографирање и отпечаток од прст при влез и излез. Од јуни на сила е и обврска за носење на дополнителна опрема за прва помош, а во најава се и повисоки казни за прекршоци во сообраќајот.  

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција