Репортерс лаб: Бројот на активни проверувачи на факти во светот за првпат е над 300

Фото: Репортерс Лаб

Бројот на активни проверувачи на факти ширум светот надмина 300 – околу 100 повеќе отколку што изброи истражувањето на „Дјук репортерс“ пред една година, пишува „Репортерс лаб“.

Дел од тој раст се должи на изборите во 2020 година во САД, каде во глобалната база на податоци и мапата на „Репртерс лаб“ може да се најдат околу 58 проекти за проверка на факти. Тоа е двојно повеќе од која било друга земја и скоро една петтина од сегашната бројка во светски рамки: 304 во 84 земји.

Последните претседателски избори во САД (2016) делуваа предупредувачки за ефектите од дезинформациите, особено на социјалните мрежи. Но, тие проблеми не беа само во Америка. Од гласањето за Брегзит во Велика Британија во 2016 година до пандемијата на коронавирусот оваа година, настаните низ целиот свет доведоа до нови проекти за проверка на факти кои ги детектираат дезинформациите, ги разоткривааат измамите и ѝ помагаат на јавноста да ги идентификува невистините. 

Сепак, во изминатите четири години, растот во САД беше послаб – барем во споредба со другите делови на светот, каде што Фејсбук, WhatsApp и Google  ангажираа проверувачи на факти за да помогнат во откривањето дезинформации на нивните платформи.

Во овој период има поголемо зголемување на проверувачите на факти во Европа и во Азија. Неколку азиски земји забележаа голем пораст, како на пример, Индонезија  од 3 на 9 проверувачи на факти, Јужна Кореја од 3 на 11 и Индија од 3 на 21.

Во прилог може да се види табелата којашто го прикажува бројот на проверувачи на факти во 2016 и 2020 година:

Извор: Duke Reporters’ Lab

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција