Реставрирана е Саат кулата во Стар Дојран

Реставрираната Саат кула во Стар Дојран Фото: Вистиномер

Едно од ветувањата на градоначалникот на Дојран, Анго Ангов во изборната кампања во 2017 година беше реконструкција на културно историските споменици Саат кулата и Турската бања во Стар Дојран. Саат кулата е реставрирана, а извршени се и конзерваторски работи на стариот амам, односно Турската бања, па ова ветување на Ангов дадено за локалните избори пред четири години го сметаме за исполнето.

Ветување: Реставрација на културно историските споменици Саат кула и Турска Бања во Стар Дојран

 [Извор: Изборна програма на градначалникот Анго Ангов „Живот во Дојран  за сите“ стр. 16; датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Едно од ветувањата на градоначалникот на Дојран, Анго Ангов во изборната кампања во 2017 година беше реконструкција на културно историските споменици Саат кулата и Турската бања во Стар Дојран. Ова негово изборно ветување го оценуваме како исполнето. Во август оваа година целосно е реставрирана Саат кулата, а  направена е и конзервација на турскиот амам.

Споменатиот проект Ангов го вети во рамките на неговата изборна програма во делот на месните проекти за Стар Дојран (стр.16), во функција на подобрување на туристичката понуда на Дојран. За реализација на овој проект Општина Дојран аплицираше за средства од ИПА Програмата за прекугранична соработка со соседна Бугарија. Во август 2019 година беше објавено дека се одборени средства за таа намена преку проектот ,,Оживување на безвремемските симболи на Дојран и Невестино’’, вреден 499.477 евра, при што ЕУ обезбедува 85 отсто од вредноста за проектите во Дојран и Невестино од соседна Бугарија

Во мај 2020 година градоначалникот на Дојран, Ангов објави дека  е во тек тендерот за реконструкција на Саат кулата и Турската бања во рамките на проектот со Невестино од Бугарија, каде треба да се реставрира Кадин Мост.

Ќе се извршат конзерваторски и реставраторски работи на ,,Турската бања” или ,,Градскиот амам” на сочуваните делови на локацијата, како и расчистување и уредување на областа околу локацијата со цел да се зачува автентичноста на амамот. Постојните патеки што ги поврзуваат Саат-кулата и Турската бања ќе бидат поплочени со обичен камен (калдрма) и истите ќе бидат направени на постојните патеки кои ја поврзуваат Саат кулата со локалните патишта, кажа тогаш градоначалникот Ангов

Работите на терен почнаа истата година во месец декември. Се отпочна со изградба на пешачките патеки до овие два историски споменици во должина од 530 метри. Тогаш градоначалникот Ангов изрази надеж дека овој проект ќе придонесе  за зголемување на бројот посетители во ова туристичко место

Ова значи враќање на првобитната состојба на двата објекти како што биле пред Првата светска војна. Ги работиме во соработка и под контрола на Заводот и музеј во Струмица со конзервторски одобренија… Мислам  дека ќе се врати стариот дух на старата маала во Дојран, кажа Ангов на крајот од минатата година. (од 1,32 до 1,47 минута од видеото)

Откако ги изгради пешачките патеки, Општина Дојран пролетва  соопшти дека се започнти конзеервторските и реставраторските работите на Саат кулата и турската бања и дека  реализацијата на овој проект тече според предвидената динамика и дека ќе бидат завршени во предвидениот рок.

Во август се заокружи проектот ,,Оживување на безвременските симболи на Дојран и Невестино“ од Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Макеоднија и Бугарија. Во Дојран се подигна Саат кулата со часовник како што била пред Првата светска војна, изграднеи се патеките за пристап до истата, но и до турската бања, а направена е и конзервација на турскиот амам д 14,28 до 15,00 минута)

Старата саат кула која потекнува од 14 век е готова и се доуредува просторот околу неа. Се надевам дека дека наскоро ќе биде отворена и за посетителите за кои веќе се поставени патокази, а уредени се и  пешачките патеки за полесен пристап. Завршена е конзервацијата и на стариот амам, изјави Ангов за „Mојаопштина.мк“ (15,00 до 15,26 минута)

Со оглед дека Саат кулата е реставрирана, а извршени се и конзерваторски работи на стариот амам, односно Турската бања, сметаме дека ова ветување на Ангов дадено за локалните избори пред четири години  е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

 


Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција