Реставрирана Златковата кула во Кратово

Овој споменик на културата од 14 век е целосно конзервиран и реставриран во јуни 2016 година Фото: Принтскрин

 

ПРОЕКТ: САНАЦИЈА И РЕСТАВРАЦИЈА НА ЕНТЕРИЕРОТ ВО ЗЛАТКОВА КУЛА – КРАТОВО

Проектот опфаќа комплетна реставрација на ентериерот и адаптација на објектот кој потекнува од 14 век. Носител: НУ Национален конзерваторски центар – Скопје ( Буџет: 500.000 денари РОК: 2015 Година)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Познатата  Златкова кула  во Кратово е реставрирана во јуни 2016 година. Ова е исполнето ветување на ВМРО-ДПМНЕ дадено во изборната програма  „Проверено“ (2014-2018) во делот „Поквалитетен живот за сите“ (Култура и уметност  стр.335), реализирано шест месеци подоцна од  проектираниот изборен рок.

Во март 2015 година медиумите информираа дека е во завршна фаза  изработката на проектот за конзервација и реставрација на Златковата кула во Кратово

Стручните екипи на Националниот конзерваторски центар годинава ќе работат на реставрација на ентериерот на кулата и негова адаптација во простор за афирмација на културата и културниот туризам во Кратово.

Конзервацијата на Златкова кула започна  во јули 2015 година Медиумите тогаш информираа дека:

Во согласност со проектот, ќе  се почне со реставрација на ентериерот на кулата и негова адаптација во простор за афирмација на културата и културниот туризам во Кратово, како и реализација на проектот за електрика и илуминација. Реализацијата на проектот треба да заврши до крајот на годинава.

На 24 јуни 2016 година  е промовиран целосно конзервираниот, реставрираниот и ентерирно уредениот споменик на културата од 14 век Златкова кула. На промоцијата на споменикот присуствуваа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, американскиот амбасдор во Македонија, Џес Бејли, градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски, директорот на Музејот Кратово, Драган Георгиевски и Виктор Лилчиќ, директор на Управа за заштита на културно наследство. Во оваа пригода министерката Канческа-Милевска  рече

Овој исклучително значаен проект со кој ревитализиравме еден вреден сегмент од нашето наследство е резултат на одличната соработка меѓу Министерството за култура, Амбасадата на САД во Македонија и општина Кратово. Амбасадата за ентериерно уредување на Кулата, изградена во 1365 година додели средства од Амбасадорскиот фонд за културна заштита

Министерката за култура информира дека се уреди спомен собата на македонскиот православен светител свети Ѓорѓи Кратовски каде е сместена постојана поставка на стари книги  од 17-18 век, слики и резби со ликот на св.Ѓорѓи, како и артефакти пронајдени за време на археолошките истражувања на просторот околу Кулата.

Златкова кула  во Кратово се  споменува во реализираните проекти во  Отчетот за реализација на програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија” (стр.366), каде што,  меѓу другото,  е напишано:

Санација и реставрација на ентериерот во Златкова кула – Кратово. Целосно е завршен проектот за ком- плетна реставрација на ентериерот и адаптација на објектот Златкова кула кој потекнува од 14 век, за што беше обезбеден грант од Амбасадата на САД во износ од 100.000 долари.

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на текстот е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција