Рецензии: Дојдов да го оставам пушењето, може ли да запалам?

FireShot Screen Capture #290-09876-09800-crop-resize

Репортажата е потиснат жанр во нашите медиуми, особено што се смета дека најлесно ја губи битката со телевизијата и сличните електронски ширења на информации, особено на планот на уверливоста. Она што во одредени случаи го прави жанрот привлечен и дури ненадминлив е, секако, непосредноста и хуморот, кои пак не можат да се местат така лесно ако новинарот им става камери и микрофони на лицата со кои разговара, во било каква прилика. Непосредноста е креатор на духовните реплики, а сето друго е глума и сцена за која се подготвени само професионалците.

Ова го докажува и посетата на новинарка на една групна – да ја наречеме така- терапија која е организирана за оние кои решиле од порокот на пушењето да се откажат и тоа со стручна помош на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ во Скопје.

FireShot Screen Capture #290-09876-09800Линк до оригиналниот напис: Дојдов да го оставам пушењето, може ли да запалам?

Датум и време на објавување:28.05.2014 18:34

Датум на рецензирање:29.05.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

„Пушев цели 40 години – од својата 10. година, а решив да прекинам кога добив бронхитис и трпев големи болки во градите, а косата на глава ми се крена кога и на слика во советувалиштето видов што ми сторил катранот во белите дробови! Kога ќе ми се припуши, ставам гума за џвакање во уста, но цигари не палам веќе 20 дена – ни рече Тони Дојчиновски од Тетово (51), еден од оние што решиле од овој порок да се откажат .“

Официјално тоа се нарекува „групна едукација“, но сведоштвата (забележани и од присутната новинарка) секако треба да имаат интерактивно дејство: секој од другите слуша како тие се обидувале да прекинат со пушењето. Зошто тоа не им успевало и како тоа се одразило врз нивното здравје, што е секако најсилното предупредување: се работи за лица, кои, во најмала рака, имаат ХОББ (хронична белодробна болест).
Репортажата регистрира дека најголем дел од присутните немаат особено силна волја, „почетници“ се во апстиненцијата, па често измислуваат најбанални изговори да излезат надвор, веројатно и за да запалат. Некои тоа го претвораат и во отворена молба од типот „само уште сега“, што сѐ на сѐ, раѓа разни хуморни ситуации, но и говори за нашиот менталитет.

Не е јасно дали новинарката присуствувала со сокриен идентитет на сеансата или, пак, само користи прераскажани „преживелици“ на пациентите, но и на лекарката, д-р Маја Закоска, но сеедно, текстот на моменти има елементи на „директен пренос“ и тоа покажува дека репортажа заслужува „долг и безгрижен живот“.

Текстот, сепак, дава и доволно информативни елементи за да ги натера и другите никотински зависници, кои евентуално ќе посакаат да се одрекнат од тој статус, да можат да „пресечат“. Дадени се сите инструменти кои стојат на располагање: од никотински мастики, да речеме, преку антидепресиви и слично и нивната примена може може се долови низ автентични сведоштва, така што директната форма на комуникација во овој случај има и друго оправдување, дејствува нависитна превентивно, бидејќи ја задржува искреноста во релацијата новинар-пациент, а оттаму и како таква се пренесува до јавноста.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција