Рецензија: 11 нови задруги

04102014-MRT-Zadrugi-crop-resize

„Единаесет нови задруги” како 12 величенствени… Мора да се признае дека е силен притисокот врз новинарите за време на изборната кампања. Толку силен што новинарите не се во состојба ниту да одбијат задача, иако тоа може да го сторат, повикувајќи се Кодексот на новинарите и членот 17:

„Новинарот има право да одбие работна задача до колку е во спротивност со принципите на овој Кодекс.“

Значи, кога етичките и професионалните стандарди се под предвидениот степен на пристојност, работната задача може да се одбие. Медиумската содржина што ја рецензираме, иако е под стандардите, сепак е објавена. Тоа, уште еднаш нагласуваме, зборува дека притисокот е огромен.

04102014-MRT-ZadrugiЛинк до оригиналниот напис: 11 нови задруги

Датум и време на објавување: 10.04.2014, 11:04

Датум на рецензирање: 10.04.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Да објасниме зошто сме вака категорични во нашето тврдење дека овој текст е под професионалните стандарди и дека контекстот и времето во кој е објавен говорат дека тој има друга намена, а не новинарска.

Освен во првата реченица во која се известува дека благодарение на Законот за земјоделски задруги, во Македонија се формирале 11 задруги, во преостанатиот дел од текстот нема ништо што е вредно да биде вест, ниту пак има елементи од било каков јавен интерес.

После првата реченица за 11 новоформирани задруги нема ништо за да се дополни оваа рудиментарна најава: Кој ги основал, каде се основани, зошто се основани, нема изјави од основачите?!?

Сите наредни реченици се препис од законот за основање задруги со нагласка дека владата го финансира основањето, ја обезбедува платата на менаџерот, обезбедува субвенции…

Во контекстот на тајмнгот кога е објавен овој текст, тој е само уште еден чист промотивен партиски прилог. Уште повеќе, иако нема апсолутно никаква медиумска вредност во содржината, текстот во моментот кога го регистриравме беше објавен во топ вестите на сајтот на медиумот.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција