Рецензија: 5 нови инвестиции во Петровец, во албанските региони нула?

Типичен пример на деформација на информацијата и ориентација на една нерелевантна вест за една проблематика, која што претендира да ја прикаже дискриминацијата на Албанците од страна на владата. Иако наводот е поставен на самиот наслов, во внатрешноста на текстот нема ниту еден факт што би го потврдило тоа. Ова е една од честите вести што се објавуваат во медиумите, кои преку сензационален наслов и надвор од сорджината ја изместува информацијата во нешто сосема друго. Инвестициите во албанските региони би можела една сосема друга тема, која што би се потрела врс други извори, кои што воопшто не се однесуваат на ова вест.

5 investime të reja në Petrovec, në rajonet shqiptare zeroЛинк до оригиналниот напис: 5 нови инвестиции во Петровец, во албанските региони нула?

Датум и време на објавување: 05.06.2013 | 12:35

Датум на рецензирање: 07.06.2013

Рецензент: Бардил Заими

Извори на информации: Веста се базира само на владини извори, на изјавата на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Целата вест се повикува само на овој извор.

Содржајност: Не може да се рече дека прикрива информации, меѓутоа е потполно контрадикорно со тоа што сака да му го предочи на читателот.

Пристрасност: Веста ја деформира информацијата и бидејќи во насловот се вели дека инвестициите кај Албанците се нула, може да се смета и за наведувачки на етнички аспект, и покрај фактот што во самиот текст ништо не се вели за Албанците.

Коментирање: Веста не содржи коментаторски елементи, меѓутоа насловот ја искривува целата сорджина на оваа информација, што претставува владин спин за привлекување на инвестициите.

Плагијат: Веста нема авторство и најверојатно би требала да биде агенциска вест, иако тоа не е наведено.

Квалитет на насловот: Токму насловот воопшто не соодветсвува на содржината не веста. Насловот ја изместува содржината и ја изобличува во една сосема друга проблематика што воопшто не се однесува на ова вест.

Фотографија: Фотографијата ниту информира ниту манипулира. Таа е неутрална фотографија што не соодветсвува со содржината на веста.

Говор на омраза: Веста ја поттикнува идејата дека Албанците се дискриминирани што се однесува на владините инвестиции, но во сорджината на текстот не се наведува ништо што би го поткрепило ова.

Заклучок: Веста претставува типичен пример на деформација на информацијата со сензационалистички намери. Оваа вест што реално претставува владин спин за зголемување на инвестициите во Петровец, преку сензационалистички наслов, кој истотака е наведувачки на етнички аспект, ја изобличува и и дава сосема друга насока на информацијата, што воопшто не соодвествува со тоа што се навестува во насловот. Во самиот текст нема ниту еден факт што би го потврдил наводот од самиот наслов дека не се инвестира во албанските региони.

Оваа вест може да се смести во купот вести, кои што преку насловот ја изобличуваат содржината. Овие весто обично немаат авторство и се агенциски вести, меѓутоа не се наведуваат како такви од страна на медиумите. Ова вест му се обраќа на читателот од една јазична-етничка група и токму затоа се изобличува содржината, без да успее на автентичен начин да му ја долови вистината на читателот. Насловот навестува една друга проблематика која што во самиот текст не е обработена, напротив веста има сосема друга содржина.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција