Рецензија: АЛАРМАНТНО: Мистериозна материја се заканува дека ќе ја разнесе земјата?

 MISTERIJA1-ATEROIDI-crop-resize

Текст обвиткан со мистерија, со крајот на светот, со метеори кои ќе не испржат на земјата… Текст со наслов за полудување, кој е предзнак дека ни нема веќе спас… Се шегувам. Ништо од ова не е точно. Ниту, пак, текстот е вистинит. Сето ова е фарса или, што би се рекло, сеење магла. Затоа, не се грижете и бидете сигурни дека и утре ќе се разбудите.

MISTERIJA1Линк до оригиналниот напис: АЛАРМАНТНО: Мистериозна материја се заканува дека ќе ја разнесе земјата?

Датум и време на објавување: 06.05.2014, 10:08

Датум на рецензирање: 09.05.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

НЕЕТИЧКИ ТЕКСТ

Ако „некои физичари“ и „некои научници“ се сигурни извори и значат вистина тогаш, да, овој текст е цела вистина. Засолнете се во некој бункер затоа што ретко кои (само одбрани) ќе останат живи. Се шегувам, секако, повторно. Но, овој текст не е за шегување. Да се пуштаат вакви текстови кои шират смрт, раздор, умирање без ниту еден факт за тоа е навистина, во најмала рака, неетички.

Нема никакви извори, освен на крајот на текстот две имиња „од Харвард“, кои тврдат дека астероди ќе не нападнат? И толку од изворите. Стриповите се четива за мали деца во споредба со вакви текстови. Секако,  ова да беше цртан филм од оние новите роботизираните можеби и ќе потрошите 5 минути да го изгледате. Но, вака… Само се чудам зошто 101 пат текстот бил споделен на Фејсбук?

 

НЕМА НИКАКВА СОДРЖИНА

Текст гол, среќа што е ставен во рубрика Забава, зошто се случувало вакви слични текстови да се најдат и во рубриките актуелно или Македонија.

Не може да има пристрасност затоа што најверојатно текстот е преведен од странски медиум.

Нема коментрање, а и што би се коментирало?

Ова не е оргинален текст туку е преземен, притоа не е наведено од каде.

Насловот е ударен и во смисла да заплаши. Досега еден од потешките наслови во смисла на морбидност, кои се појавиле во медиумите.

Фотографија има само колку за илустрација, без притоа да се види дали таа покажува метор или астероид ( за што всушност и се работи во текстот).

Забавен текст, секако, за оние кои знаат дека сето ова е невистина. Но, новинарот секогаш мора да внимава дека текстот го читаат и луѓе кои веруваат во се и сешто. Тогаш текстот може да предизвика проблеми. Но, тоа во Македонија никој не го размислува. Секако дека сите мислат како да ја пополнат нормата, па ако треба и да газат преку читателите. А, има ли уште такви кои им веруваат на новинарите?

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција