Рецензија: Албанците ја гледаат иднината во ВМРО-ДПМНЕ

FireShot-Screen-Capture-159-Албанците-ја-гледаат-иднината-во-ВМРО-ДПМНЕ-crop-resize

Традиционалниот однос помеѓу граѓаните и медиумите се базира на креативна, точна и со факти поткрепена презентација на информации од јавен интерес. Оној момент кога медиумите стануваат поштенско сандаче во кое секој може да уфрли што сака, спинувањето станува редовна содржина, а информациите и приказните пласирани на тој начин имаат само една цел – јавното мислење да го свртат на онаа страна и во полза на интересите на нарачателот на „уфрленото писмо“. Притоа, „коментаторите“ на јавното мислење и општеството повеќе не се непристрасни набљудувачи, туку стануваат странка и мешетари во процесите и појавите. Нивните тези, колку и да се неосновани и без факти, усмерени се на предизвикување силен ефект кај читателите: „Албанците ја гледаат иднината во ВМРО-ДПМНЕ“. …„Република“ открива дека е се поприсатно мислењето на Албанците да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ“…

FireShot Screen Capture #159 - 'Албанците ја гледаат иднината во ВМРО-ДПМНЕЛинк до оригиналниот напис: Албанците ја гледаат иднината во ВМРО-ДПМНЕ

Датум и време на објавување: 16.06.2014, 22:16

Датум на рецензирање: 17.06.2014

Рецензент: Александар Писарев

„ШТО Е БАБИ МИЛО ВО СОН И СЕ СНИЛО“

Тешко може да се избегне оценката дека не е во прашање манипулативното новинарство, кога основната теза, дека единствениот начин на кој може да се оствари благосостојба во државата е ВМРО-ДПМНЕ, не е поткрепена со факти или изјави.

Повикување на … „идеите што кружат во јавност, а кои со „Република“ ги споделија соговорниците – дека се поголем број образувани интелектуалци, македонски Албанци, би се приклучиле во ВМРО-ДПМНЕ, и размислување на анонимен аналитичар кој се уште ја испитува „работата на терен“ … можеле, доколку се работи за вистински факти, а не за измислен политички процес во албанскиот блок, лесно и поткрепени со извори, да се проверат и докажат.

Во спротивно, се работи за нескриен спин во полза на владеачката партија и коалиција. Затоа што угледните интелектуалци и аналитичари во албанската етничка заедница многу често, храбро и отворено со име и презиме, се спротивставуваат и ја критикуваат политиката која ја води ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму, не постои рационална причина, ...„се поголем број образувани интелектуалци, македонските Албанци да се приклучат во ВМРО-ДПМНЕ“…

Очигледна е и параноја и желба да нема опозиција ни во албанскиот политички блок: „Иако во албанскиот кампус функционираат повеќе партии, ниту опцијата на Османи, ниту пак ПДП, може да се сметаат за поконкретна опопзиција, да се наметнат како опозициски блок кој би ги загрозил позициите на ДУИ и на ДПА“…„ радикализација каква што посочува Села…не е во „филмот“ меѓу Албанците во чиј фокус се економијата и благосостојбата, тогаш и за очекување е што Албанците… политичките амбиции и и подобра економско социјална положба би ги барале преку ВМРО-ДПМНЕ„…

 

КОГА ЌЕ СЕ РАЗБУДИМЕ ОД СОН

Ставот на многумина албански интелектуалци за политиката која ја спроведува ВМРО-ДПМНЕ е искажан јавно, без „ракавици“ и без „розови наочари како во сон“. Професор Мерсел Билјали:

Оваа фаза од осум години владеење на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена во историјата на државата како тешка човечка катаклизма, каде што се газело по се што е човечко. Идните аналитичари ќе имаат сериозен проблем да ги дефинираат сегашните водачи-дали тие воопшто биле водачи или тешки медицински случаи“… Оваа фаза од осум години владеење ќе остане запаметена во историјата како тешка човечка катаклизма

Зошто граѓаните и „македонски Албанци“ (нов термин кој до сега не е медиумски експлоатиран, а после поделбата на „патриоти и предавнци“ сега асоцира и на поделбата меѓу Албанците на „Албанци и македонски Албанци“) би верувале во тезите на „анонимни испитувачи на работите на терен“ кога сериозни  аналитичари од редовите на (еве и ние така да ги нарачеме) македонските Албанци, проучиле, констатирале и јавно, со име и презиме, објавиле дека: …„ Груевски прати порака дека бара 62 пратеника од „саканите“ за да владее без да ги есапи „омразените“. Експертите по психоанализа велат дека кај нормален мозок тоа никако не би можело да се случи“… „За жал, нашиот премиер е единствен пример во светот што свесно ги разгорува етничките страсти создавајќи доволна маса омраза која ќе му служи за политичко преживување“. Државата пред три инфаркти

 

ПРОВИДНО СПИНУВАЊЕ

Ова е провидно спинување во полза на актуелната коалиција која може да се зајакне и со ДПА: …„Тачи веќе доби три директорски места… ќе ги добие местата кои според функција имаат соработка со претседателот на државата“…, но и пресметка со ниестомислениците на ДУИ и ДПА во албанскиот политички блок: …„ Села работи на обезбедување поддршка во партиски редови но тоа му оди тешко“...

Спинувањето се разоткрива, бидејќи плејада на угледни албански интелектуалци не мислат како …„соговорниците со кои се споделени идеите на испитувачите на теренот“… Писмо на албанските интелектуалци Ким Мехмети, Арсим Зеколи и Рамадан Рамадани јасно укажува на тоа:

„Ние не можеме, ниту пак имаме намера, да ја сопреме Вашата страст за прикривање на вашата интригантска природа и вашата потреба за маскирање на потполната капитулација пред палката на Груевски“…

 

СПИНУВАЊЕТО НЕ Е МОЖНО БЕЗ ПОСРЕДУВАЊЕ НА МЕДИУМИТЕ

Спинувањето не може да се спроведе и да стаса до оние на кои им е наменето, односно до јавноста, без медиумите кои ја имаат посредничката улога. Добра и успешна симбиоза помеѓу политичките партии и медиуми, добро финансиски поткрепена во полза на медиумите, покажува колку многу може да се постигне со спинувањето.

Единствената одбрана од ваквите тенденции и трансформација на медиумите во поштенски сандачиња за пренесување на спинувани пораки на политичарите се добра едукација на новинарите и воспоставување на јасни и демократски правила на играта со полно почитување на новинарските кодекси и етика. Медиумите мора да бидат професионални, да го застапуваат јавниот интерес, а не интересот на политичките центри на моќ и да ги запрат тенденциите за спинување.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција