Рецензија: Алфа екслузивно ви го претставува новиот изглед на Плаошник

FireShot Screen Capture #022 - 'ALFA TV' - alfa_mk_News_aspx_id=77853#_U6RwarHm_IV-crop-resize

Прилогот за комплетниот изглед на идниот верски центар на охридски Плаошник веднаш по прикажувањето наиде на голем одзив во стручната јавност. Преку него се доби еден подетален преглед со кој пред јавноста се претставува, како што се вели „едно од најголемите духовни и интелектуални светилиштa…кое станува културен и научен центар“. За ова имаше одгласи и од архитекти и од стручни лица загрижени за чување на културното наследство, што, за жал, помина без било каква регистрација во посочениот прилог, со што јавноста, која има право да знае сѐ што е релеватно за тој „светиклиментов центар“ останува скусена за битните сегменти од многустраните поместувања на проектните и градежни опстојности на проектот.

FireShot Screen Capture #022 - 'ALFA TV' - alfa_mk_News_aspx_id=77853#_U6RwarHm_IVЛинк до оригиналниот напис: Алфа екслузивно ви го претставува новиот изглед на Плаошник

Датум и време на објавување: 08.06.2014, 18:20

Датум на рецензирање: 20.06.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

„Жариштето на словенската писменост и култура полека го добива новиот лик, но се задржува автентичноста на охридската архитектура. Интензивно се работи на возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник. Алфа екслузивно ви претставува како ќе изгледа сеќавањето за светиклиментовото време и дух во модерно значење. Со одобрение од Министерството за транспорт и врски на локалитетот се градат три комплекси со објекти согласно деталниот урбанистички план на град Охрид едногласно донесен во 2010-тата и по препораките на УНЕСКО“.

 

ПРЕСКОКНАТО ПРИКАЖУВАЊЕ НА БЛОКОТ ЧЕТИРИ. ЗОШТО?

Ова е воведниот сублимат за тоа што се сакало со овој проект и кој се согласил за инвестицијата која ќе се постила на околу 900 квадратни метри. при што од левата страна на црквата ќе се простираат манастирските конаци. Имаме визуелизација на сите други сегменти (или таков впечаток добива публиката) на проектот – резиденцијата на МПЦ, Богословскиот факултет…

Проблемот на прилогот е што нема доволно извори за овој проект и што еден од посочените извори (УНЕСКО) е претставен спротивно од она што содржат констатациите на институцијата. Го нема ниту блокот 4, секако од причини што во контекстот на успешната приказна „ја расипува фризурата“.
Ставовите на нашите стручњаци-опоненти, воопшто ги нема во овој прилог, додека ставот на УНЕСКО е „апдејтиран“, односно тој е претставен како согласност „уште од 2010 година“, додека оваа институција на ОН сега има сосема нов став, кој ниту оддалеку не значи аминување на проектот, туку се изразува сериозна загриженост за целото одвивање на изградбата.

Ставот на УНЕСКО може да се прочита во изворниот документ, а тој има два поддокументи каде се изразуваат јасни, недвосмислени оценки и препораки за надминување на проблемите со Плаошник, затоа што проблеми има – и тоа крајно сериозни и ургентни за решавање.

Имено, од 11 до 13 декември 2013 година на покана на нашата држава, која е потписничка на Конвенцијата на светското културно наследство, во Охрид претстојуваше советодавната мисија на УНЕСКО и објави за тоа свој рапорт: Report on the advisory mission to the world heritage property „Natural and Cultural Heritage of the Ochrid region“ the former Yugoslav Republic of Мacedonia, from 11 to 13 December 2013; Analysis and response to the recommendations from the Report on the advisory mission to the world heritage property „Natural and Cultural Heritage of the Ohrid region“ Republic of Macedonia (28.02.2014). Извештајот и Анализата и одговорите на препораките се постирани на веб-сајтот на УНЕСКО и се достапни за стручната јавност, ама прилогот на Алфа ги игнорира комплетно, што, да останеме на речникот на локацијата е – светогрдие.

 

ПРЕСКОКНАТИ ПРОБЛЕМИ СО УНЕСКО

И според аналитичарката и врвен стручњак за нашето културно наследство, Донка Барџиева Трајковска (види овде) прилогот на ги зема предвид само насоките кои ги дава УНЕСКО во 2009 година, а не и последниот извештај од 8 јуни 2014 година. Во видео материјалот е презентиран изгледот на три, а не на четири коплекси на градби, колку што предвидува прифатениот проект кој бил во фаза на реализација заклучно со 13.12.2013 година! „И не само тоа! Новите три комплекси имаат сосема поинаков габарит и ‘стил’ од оние усвоени од одборот формиран од владата, и тоа многу лесно може да се утврди доколку се погледне документот ‘Analysis and response to the recommendations from the Report on the advisory mission to the world heritage property’, Natural and Cultural Heritage of the Ohrid region’“ (28.02.2014) – тука се дадени измените на проектите направени од надлежните институции, а врз основа на препораките на мисијата на УНЕСКО, која бара промени на габаритноста, катноста и проверка на издржливоста на целиот комплекс во однос на градежната носивост на Плаошник!

Низ овој прилог на еден пристрасен начин се следи „растежот“ на овој комплекс, нудејќи ни се како ексклузивитет, а е помогнат од надлежните органи вклучени во него. Може да се констатира дека на јавноста ѝ се нуди искривено огледало.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција