Рецензија: АПСЕЊЕ: Уапсен И.Д.

АПСЕЊЕ  Уапсен ИД-crop-resize

Не секогаш една содржина треба да биде објавена, особено ако таа нема информација во себе. Така, кога работи „новинарството“„копи-пејст“, можеби се создава квантитет и се исполнува нормата на создадени текстови, но тогаш веќе за квалитет не може да се зборува. И не само што не може да стане збор за квалитет, во конкретниот случај не може да стане збор ни за новинарски производ. Ако се пласира на некој од медиумите, а не е новинарски производ кој содржи информации, тогаш чуму објавата?

АПСЕЊЕ  Уапсен И.Д.Линк до анализираниот напис: АПСЕЊЕ: Уапсен И.Д.

Датум и време на објавување: 30.1 2014, 12:25

Датум на рецензирање: 12.11.2014

Рецензент: Викторио Јаковлески

Конкретната објавена содржина (не може да се говори за информација) е дел од дневниот билтен на МВР, односно  од „Извадокот на дел од дневните настани“.

Ова е интегралната форма на делот од Билтенот на МВР кој буквално е пренесен во медиумот:

„На 28.10.2014 година, постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје го лиши од слобода лицето Исмаил Д.(36), од Скопје  кој се барал за издржување затворска казна во траење од шест месеци , за сторено кривично дело  “ тешка кражба” . Истиот е спроведен во Затвор „Скопје“.“

Објавеното се разликува само и единствено по тоа што името кое фигурира во билтенот на МВР е заменето со иницијалот „И“. Ваквата содржина во билтенот има смисла, поставена на електронски медиум – нема смисла! Ако еден новинарски напис претендира кон групата информативни жанрови, треба да се темели на факти за да ја оправда својата основна намена – да го информира читателот.

Ако биле пренесени и други извадоци од билтенот и ако се напишел изворот, може и ќе можеше да помине, ама вака се губи потребата од постоење на ваков текст.

Објавеното е идентично со, на пример, следните зборови: „таму некој нешто направил“, а тоа не е информација и не содржи никаков вредносен минимум.

Затоа и кога се копира, до буква, до запирка, треба да се има усул, во спротивно се доаѓа до ваков производ, кој веќе неколку дена служи за потсмев меѓу новинарите на социјалните мрежи.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција