Рецензија: Арсенот од водата како закана за гевгеличани

Вовед: Одговорни новинари и медиуми имаат повеќекратна улога во општеството, а најважно е да пренесуваат информации  кои се од општ инетерс и важни за јавниот живот на граѓаните, да посредуваат помеѓу власт и граѓаните, да бидат први надворешни критичари, контролори и коректори на постапките на власта. Притоа, мораат да се држат до фактите, да ја изнесуваат само вистината, да не бидат пристрасни, одговорно да се однесуваат кон изворите на информациите… Со еден збор, да ги почитуваат сите новинарски стандарди.
При пишување на позитивната рецензија за овој текст, се движев по острата „ивица на ножот“ да не напишам обична пофалба, па да испаднам пристрасен.
Се работи за текстот кој одговорно, аналитички и истражувачки, со факти отвара голем општествен проблем, во една не така мала македонска општина- Гевгелија, каде граѓаните и НВО смогнале храброст отворено да прозборат за нешто што долги години се премолчува,  дека луѓето таму пијат вода затрована со пркумерно количество на Азот.
Новинарот тргнал од основната информација која ја добил „на улица“ на јавна презентација на затрованата вода. Можел да направи вест и тука да стави точка. Не, тој истражувал понатму и на читателите содржајно им го претставил целиот проблем.

FireShot Screen Capture #116 - 'Глобус' - www_globusmagazin_com_mk__ItemIЛинк до оригиналниот напис: http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=BE2AAF3E0C3FD94BAD0DE4DB387FADA8

Датум и време на објавување: 25.02.2014

Датум на рецензирање: 26.02.2014

Рецензент: Александар Писарев

Вистинитост: Нема никаков сомнеж дека се што е објавено е вистина бидејќи се базира на веродостојни податоци: …„Ова го покажуваат неколкуте последователни мерења со кои се утврдени растечките концентрации на арсен во земените примероци на  вода за испитување“…

Извори на информации: Авторот користи податоци од  јавната презентација на проблемот каде на многу креативен начин преку перформанс на јавниот простор се прикажани анализите на водата, кои безсомнение го потврдуват присаството на отровната материја, како и реакција на надлежниот министер дека проблемот ќе се санира. Пренесува и званични испитувања на оваа тема од соседството.

Содржајност: Конпозицијата на содржината е одлична, и на читателот, како „на филмско платно“ му е прикажан целиот проблем, од почеток, преку алармот на граѓаните и НВО дека нешто мора да се стори, па до првите мерки кои веќе се превземаат: …„Иако проблемот во Гевгелија постои  7 години, никој од надлежните досега неги информирал граѓаните за опасноста на која се изложени“…  „Статистички анализи на смртност од канцерогени заболувања во Гевгелија кои бележат огромен пораст во последните 7 години“…, ...„Власта навистина после два дена пушти вест дека во Гевгелија почнало дупчење на првиот бунар од  подрачјето на Вардар“…

Коментирање: Текстот почнува со краток коментар кој на целата содржина, иако крајно сериозна и застрашувачка и дава лајф нота. Не создава кај читателите паника, неги застрашува, никого не обвинува а сите се прозвани.  „од таму ја прашале баба Рада каков чај им препорачува на …. Таа прашала а од каде сте?  од Гевгелија , ау, ау, ау“…

Оригиналност/Плагијат: Оригинален текст поптишан со полно име и презиме на авторот.

Квалитет на насловот: Насловот во потполност одговара со содржината и ја најавува со предупредување, без од проблемот да прави сенцаија и без заплашување на граѓаните.

Фотографија: Фотографиите се автентични од перформансот кој е одржан на скверот Јадран и во потполност ја доловуваат атмосверата со која е отворен овој проблем од широк општествен интерес. Недостаток е што немаат легенда и потпис.

Заклучок: Локална (и централната) власт овој проблем долго време го држале „под тепих“.  Група граѓански активист од Гевгелија, поддржани од платформата за решавање на локалните проблеми „Фото Глас“ собрале храброст  дражавната тајна да ја изнесат на виделина. Во тоа со исто толклу храбости им се придружил и новинарот кој храбро во медиумот го претсавил целиот проблем.  Зошто е ова важно и каде е тука јавниот интерес и правата улога на медиумот?.
Граѓаните со плаќањето на данокот го издржуваат државниот апарат. Во оној момент кога тој апарат ќе почне свесно нешто да сокрива од нив, а тоа е од општ интерес, таа „државна тајна“ ја губи секоја смисла и граѓаните на секој начин треба да соберат храброст да ја откријат и да ја презентираат.
Граѓаните тоа и го направиле, и веднаш добиле поддршка од медимот кој застанал на страната на јавниот интерес-на граѓаните. Медиумот автентично ја пренел целата информација: … „ хепенингот што гевгеличаните го приредија на 17 ти фебруари на скверот Јадран“… ,се ставил во улогата на посредникот помеѓу граѓаните и власта: …„имаше за цел да го потенцира овој проблем на национално ниво бидејќи во Гевгелија постои невидлива забрана за јавно отварање на овој проблем“…  успела да ги мобилизира надлежните, и да ги обврзе на исполнување на ветеното  нешто да превземат: …„Власта навистина после два дена  пушти веста дека во Гевгелија започнало дупчење“…, воедно и да ги охрабри граѓаните и НВО да ја продолжат оваа борба во инетерс на жителите на Гевгелија.
Целата содржина на текстот  носи и силна мобилизирачка порака генерално до граѓаните дека само тие, и никој друг не може да се бори за нивните права и интереси, а дека медиумите требаат и мораат да застанат на страната на вистината,  да бидат  точни, непристрасни да се повикуваат на изворни инфорамции и факти, никого да не дискредитираат и да бидат потполно објективни.
Само така, медиумите и новинарите ќе бидат јавно око и уво, кое согледува, ослушкува и го следи пулсот на  јавниот дух, само така ќе бидат преносители,  посредници и критичари во општеството и во државата и само на тој начин медиумите ќе успеат да се изборат за демократичност, слободно мислење и со еден збор за слободен живот.
Тоа го имаме во текстот и тој може да послужи како морален подстрекач за унапредување на професионалниот однос на новинарите кон темите од општ  јавен интерес.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција