Рецензија: Банките се полни со пари, каматите нема да растат

FireShot-Screen-Capture-126-МРТ-www_mrt_com_mk_node_980-crop-resize

Каматите нема да растат , трендот на намалување ке продолжи  во 2014-тата , банките се полни со пари. Економскиот амбиент е поволен, с  кредитирањето да  се зголеми  – тврди првиот човек на НЛБ Тутунска.Најновите мерки на Централната банка да не се плака камата на задолжителната резерва , банките да се упатуваат наместо на благајнички записи со 3,2 насто ,  на седумдневни депозити сведени на минимална каматна стапка – ги посочува како аргументи ..

Вака почнува  веста  во која е направен неуспешен обид  да се пренесе изјавата на претседателот на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски, дадена на свеченоста по повод  наградата „Банка на годината во Македонија за 2013 година“ од финансискиот магазин “The Banker”. Всушност, во кусата вест е буквално упропастена изјавата на Jанчевски.  Во овој текст од само неколку реченици, без никаков редослед се нафрлани  именки, глаголи, сврзници, прилози, интерпукциски знаци (точки, запирки, тире). Веста „тежи“ од словни грешки, таа  не е ниту редактирана, ниту лекторирана. Во неа има погрешно напишани зборви, но и „голтнати“ букви (МАкедонија, 2014 тата, каматоте, напат, анчи). Наместо буквите „ќ“ и „ѓ“, секаде во написот  се употребени буквите „к“ и „г“ (плака, повеке, пагање, ке). А, некои реченици завршуваат со две точки!

FireShot Screen Capture #126 - 'МРТ' - www_mrt_com_mk_node_980Линк до оригиналниот напис: Банките се полни со пари, каматите нема да растат

Датум и време на објавување: 3.12.2013, 23:14

Датум на рецензирање: 4.12.2013

Рецензент: Оливера Војновска

Вистинитост: Бројните грешки ја прават веста нејасна и непрецизна, но таа  нема проблеми со вистинитиста.

Извори на информации: Веста има  релевантен извор на информации – првиот човек на НЛБ Тутунска банка. Меѓутоа, дури и неговото име е погрешно напишано: „Горги“ наместо „Ѓорѓи“.

Содржајност: Содржајноста во оваа  вест од десетина реда се изгубила во лошата конструкција на речениците и „морето“ од  грешки.

По овие мерки најверојатно ке следи и пагање на каматите на депозитите што анчи дека не очекувам каматоте на кредитите да растат .. Ке има зголемено кредитирање со оглед дека економијата во МАкедонија за годинава може да се каже дека е напат на опоравување и бележи раст . Сето тоа влијае на банкаскиот сектор да дава повеке кредити – рече Горги Јанчевски – Претседател на управниот одбор на НЛБ Тутунска банка.

Квалитет на насловот: Во насловот наместо запирка (,) посоодветно е да стои тире (-). А, бидејќи се работи за поента од изјавата на директорот на НЛБ Тутунска банка, на веста повеќе ѝ прилега насловот: „Јанчевски: Банките се полни со пари – каматите нема да растат“

Фотографија: Материјалот е илустриран со снимка од изјавата на Јанчевски.

Заклучок: Вака срочената информација со дваесетина словни грешки мора внимателно да се прочита неколку пати за да може се долови поентата. Ова е најлошиот материјајл од сите прилози и текстови, во кои тој ден беше пренесена изјавата на Јанчевски. Можеби прозвучува претенциозно, но, гледано од професионален аспект е срамно и неодговорно да се објави ваква вест.  Тука стопроцентно потфрлиле професионалните стандарди и кај новинарот и кај медиумот. Дотолку повеќе што се работи за Македонската радио телевизија. Објавувањето на нередактирани и нелекторирани текстови е недозволиво за ниту еден медиум, најмалку за националната телевизија како јавен сервис за граѓаните.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција