Рецензија: Бранко џабе плаче. ОБСЕ – ОДИХР и Брисел потврдија: Изборите регуларни, фер и слободни

Како што е вообичаено, мисиите на ОБСЕ/ОДИХР издадоа заедничко соопштение за своето набљудување на текот и одвивањето на локалните избори во Македонија. Вечер објави делови од извештајот кои сугерираат дека е целосен ама каде се исфрлени негативните страни на извештајот и со таквиот текст – односно со условно меѓународно покритие ги претвора изборите во фер и демократски.

Рецензија: Бранко џабе плаче. ОБСЕ - ОДИХР и Брисел потврдија: Изборите регуларни, фер и слободниЛинк до оригиналниот напис: Бранко џабе плаче. ОБСЕ – ОДИХР и Брисел потврдија: Изборите регуларни, фер и слободни

Датум и време на објавување: 26.03.2013

Датум на рецензирање: 26.03.2013

Рецензент: Љубомир Костовски

Вистинитост на факти: Фактите со кои се користи авторот на текстот (В.С.) се навистина земени од споменатиот извештај, но селективно и со прескокнување на делови кои не се поволни по организаторот на изборите и по некои од субјектите (партии, државни органи, медиуми).

Извори на информации: Фактите се вадат од контекст и извештајот, кој ако веќе се пренесува, требал да биде во форма која целосно ја одразува неговата суштина и закружена слика за овој настан.

Содржајност: Веста во најголема мерка ја прикрива критиката на медиумите и илустрацијата за нивната пристрасност. Потоа критиката за користење на државни ресурси и функции во пропаганда на изборни програми и кандидати.

„Остра критика за овие избори добија медиумите. Според ОДИХР, иако тие обезбедиле широка кампања, Јавниот сервис и неколку приватни медиуми биле пристрасни во известувањето во полза на владеачката партија и не е правена разлика меѓу државните и партиските активности. Известувањето на Алфа телевизија, Телма, Алсат и 24 часа ја добија оцената на понеутрално покривање на кампањата“ – ова е малку поконкретен дел од тој сегмент на извештајот.

А во Вечер стои само една реченица:

„Набљудувачите забележуваат на мешање на државни со партиски активности и нерамномерна застапеност на партиите во медиумите“,

додека во извештајот тоа е далеку поопширно одбележано:

„До нашата Мисија стигнаа уверливи наводи за заплашување и (за) злоупотреба на државните ресурси. ОДИХР забележа неколку случаи кога владини функционери водеа кампања и користеа владини возила, што е спротивно на Копенхашките принципи на ОБСЕ“ (и ова е скусена забелешка, но барем е поодредена).

Пристрасност: Написот низ селективноста создава пристрасност која треба победата на провладините партии на изборите да ја потврди (поддржи), а забелешките на опозицијата да ги омаловажи. На пример, во извештајот се вели дека:

„ОДИХР ја оцени изборната правна рамка како сеопфатна, иако постојат недоречености во делот на финансирањето на кампањата, регистрацијата на кандидатите, ажурирање на гласачкиот список, но и во делот на разгледувањето на приговорите и жалбите. Потребна е дополнителна реформа на изборниот Законик за да се надминат недостатоците.“

Во извештајот се вели дека изборното законодавство е сеопфатно, иако е потребна натамошна реформа со цел да се подобри Изборниот законик.

Сето ова во веста на Вечер е сведено на:

„Во извештајот се вели дека изборното законодавство е сеопфатно, иако е потребна натамошна реформа со цел да се подобри Изборниот законик.“

Забелешката за менување на изборното законодавство делумно е содржана во поднасловот, но таа ја нема во текстот, каде требала да се најде во соодветен контекст.

Квалитет на насловот: Иако текстот нема коментаторски елементи, коментарот е содржан во насловот, кој по својата стилистика е целосно различен од извештајот (Бранко џабе плаче..), особено онака „потстрижен“, како што го предава весникот.

Фотографија: Двете фотографии служат за да поврзат две работи од насловот, кои не се во логична целина со настанот од каде се известува. Имено, има фотографија од прес-конференцијата на ОБСЕ/ОДИХР која се настојува „содржински“ да се спротивстави на Бранко Црвенковски, односно на критиките на опозицијата за изборниот процес. Критиките инаку се содржани и во делови од Извештајот, а и во забелешки на многу други невладини организации.

Заклучок: Написот е вистинска „школа“ за преработка на содржини кои од сеопфатни и со црно-бели сознанија за состојби, се претвораат само во црни или бели, по потреба на уредувачката политика.

Рецензија: Бранко џабе плаче. ОБСЕ - ОДИХР и Брисел потврдија: Изборите регуларни, фер и слободни

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција