Рецензија: Бугарски адвокат се јавил за македонските градоначалници приведени на граница

Бугарски адвокат се јавил за македонските градоначалници приведени на граница Локално-crop-resize

Веста за приведувањето на градоначалниците на Виница и на Кончани, Емил Дончев и Ратко Димитровски на преминот „Станке Лисичково“ на  бугарско-македонската граница, порталот ја презел од бугарски медиум. И тоа воопшто не е спорно. Впрочем, сите македонски медиуми што ја објавија веста тој ден се повикаа на бугарски агенции. Главниот проблем во текстот што го рецензираме е во тоа што оригиналот е само ставен на Google translate и објавен без никакво дополнително јазично дотерување. Своевиден куриозитет претставува „преводот“ на името на Весела Стоилова, обвинител и портпарол на Окружното обвинителство во Благоевград. Во македонската верзија на веста таа е практично „прекрстена“ во Среќен Стоилов!

Бугарски адвокат се јавил за македонските градоначалници ЛокалноЛокалноЛинк до оригиналниот напис: Бугарски адвокат се јавил за македонските градоначалници приведени на граница

Датум и време на објавување: 5.12.2013, 23:43

Датум на рецензирање: 8.12.2013

Рецензент: Оливера Војновска

Вистинитост: Информација со слична содржина (но, без вакви големи јазични и правописни грешки) објавија сите домашни електронски и печатени медиуми. Сепак, не може со сигурност да се каже дека веста што ја рецензираме ја прикажува целата вистина.

Извори на информации: Порталот како извор ја посочува  бугарската информативна агенција, но не го наведува линкот.

Содржајност: Литерарурните и граматичките грешки не се единствениот проблем на овој материјал. Во него  недостасува делот во кој се кажува „дека на градочалниците им бил одреден 24 часовен притвор и дека за случајот е отворена истрага“.  Фрагмент што го има во оригиналната вест. Така што, се добива впечаток дека во текстот се  прикриваат информации.

Квалитет на насловот: Македонската верзија е со лош наслов: „Бугарски адвокат се јавил за македонските градоначалници приведени на граница“. Тој е извлечен од претпоследниот пасус од веста:

„Во межувреме се јавил еден благоевградски адвокат кој презел вината на двајцата градоначалници, велејќи дека куршумите се негови и заборавил да си ги земе од нивните возила“

Но, не ја изразува суштината, туку кажува само дека адвокатот се јавил. Посоодветен наслов би бил: „Адвокат од Благоевград ја презел вината од македонските градоначалници“

Фотографија:  Илустрацијата е преземена од  веста објавена на бугарската агенција.

Заклучок: Сајтот на читателите им понудил еден целосно неквалитетен производ со лоша конструкција на речениците и со многу јазични грешки, како на пример:

“Формирањето е истрагата против непознат сторител”, рече портпаролот на Регионалната обвинителство Среќен Стоилов. Работата за случајот продолжува, и натаму иако градонаќалниците сде пуштени во Македонија“.

„Во межувреме се јавил еден благоевградски адвокат кој презел вината на двајцата градоначалници…“

Веста не е редактирана, ниту пак, лекторирана, а некои зборови воопшто и не се преведени од бугарски. Па така, во написот стои „кон 19:30 часот“,  наместо  „околу 19,30 часот“,  „сде“ наместо „се“ , „ куршуми за флоберка“ наместо „муниција или куршуми за малокалибарско оружје“. Со овој напис е грубо прекршен Законот за употреба на македонскиот јазик. Ваквиот пристап на  пласирање информации говори за непочитување на сопствениот јазик, како официјален и службен во Република Македонија. Ова несомнено претставува демонстрација на неодговорност кон јавноста, а истовремено ја прикажува во лошо ствело новинарската професија.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција