Рецензија: Дали ги знаете правата? Ако 3 пати ви се расипе телевизорот под гаранција мора да ви дадат нов

rre-0987-098765-crop-resize

Кога новинари од 10 различни редакции ќе отидат на иста прес-конференција, ќе слушнат информации што се горе-долу исти. Во таква ситуација, она што ќе ги разликува објавените медиумски производи е информацијата што ќе се одбере за насловот, односно за почетокот на текстот (лидот). Пред нас се наоѓа текст во кој лидот е умешен и одбрана е вистинската информација која ќе ги едуцира читателите и ќе ги запознае со нивните права.

rreЛинк до оригиналниот напис: Дали ги знаете правата? Ако 3 пати ви се расипе телевизорот под гаранција мора да ви дадат нов

Датум и време на објавување: 30.05.2014;11:50

Датум на рецензирање: 31.05.2014

Рецензент:Мирослава Бурнс

Аголот на приказната е она што прави овој навидум обичен извештај да содржи едукативен елемент. Читателот ја добива корисната информација дека доколку повеќе од три пати во гарантниот период му се расипе апаратот тогаш може да побара нов. Уште во самиот наслов се настапува со оваа информација која со право е препознаена како најважна и од најголем јавен интерес. Во поглед на содржајноста и на изворите на информации, во текстот се споменува Организацијата за заштита на потрошувачите. Позитивно е што како поткрепа на тврдењата од Организацијата, се упатува и на законската регулатива од која произлегува правото за рефундирање или за замена со нов производ. Тоа прави текстот да остава впечаток на веродостоен и му дава можност на читателот дури и самиот да го провери посочениот закон.

И навистина, членот 22 од посочениот Закон налага дека во согласност со потрошувачот производот може да се сервисира најмногу три пати во рамките на гарантниот рок и доколку не се поправи производот потрошувачот има право да бара од трговецот да го замени со ист таков нов и исправен производ или да му го врати платениот износ на потрошувачот за купениот производ“.

Во поглед на насловот, тој е премногу долг, дури и за он-лајн платформа каде се дозволени варијации со насловите повеќе отколку во весниците (каде просторот е ограничен и секој квадратен сантиметар чини пари). Од друга страна пак, насловот е примамлив и атрактивен, бидејќи почнува со прашање кое го задржува вниманието, за подоцна да се даде и одговорот.  Некоја покуса, „постегната“, осмислена варијанта на прашањето и одговорот во насловот би била посоодветна. Иако не станува збор за тема до која се дошло самостојно, туку таа произлегува од организиран настан или од соопштение, сепак се покажува умешност да се потенцира важното за јавноста. Една од улогите на медиумите е да едуцираат.

Така и членот 5 од Кодексот на новинарите налага:

Новинарот ќе ги почитува законите во дрожавата, но нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес.

Во овој медиумски производ прецизно е детектирана информацијата што е најблиска и најприоритетна за јавниот интерес.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција