Рецензија: Џорџ Сорос стана сопственик на Млекара Битола?!

02052015-KapitalSorosMlekar-crop-resize

 

Стереотипите се непријател на доброто новинарство. Во текстов е занемарено ова предупредување и потклекнато е пред еден од стереотипите што доминираат во медиумски исконструираната реалност кај нас, оној за милијардерот и филантроп Џорџ Сорос. Со тоа е изместен фокусот на сторијата и наместо сторија за придобивките од оваа наводна финансиска зделка, на публиката ѝ се нуди стереотипизирана содржина.

02052015-KapitalSorosMlekarЛинк до оригиналниот напис: Џорџ Сорос стана сопственик на Млекара Битола?!

Датум и време на објавување: 03.02.2015, 15:11

Датум на рецензирање: 06.02.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Наместо авторот на содржината да се позанимава посеризоно со вистинитоста на сторијата за компанија која ни е тука, во соседството, тој ни ги пренесува шпекулациите од некој друг медиум. Навистинна, дали е потребно којзнае каква креативност за да се сетите дека можете да свртите телефон во Битола и да добиете информација од прва рака. Или, од компанијата од Србија, во чија сопственост е мнозинскиот пакет акции на битолската млекарница.

Но, наместо тоа, наместо сеопфатност на пристапот, авторите се задоволиле со тоа да ја пренесат информацијата од медиум од соседството, а да се задоволат со истакнување на контроверзиите и на стереотипите за Џорџ Сорос, кои, во принцип, ги креираат медиумите блиски до актуелната владејачка гарнитура.

За жал, заради овој тип подвладување на стереотипите, оваа медиумска содржина нѐ упатува на анализата Медиумите треба да го препознаат профилирањето“, на професорката Мирјана Најчевска, која предупредува:

„По дефиниција, профилирањето значи употреба на одредени карактеристики или обрасци на однесување и на постапување, за генерализирање, обопштена оценка за одредена личност. Од едната страна на профилирањето е индивидуата која се сместува во одредена рамка, а од другата страна е оној кој го дефинира сопственото однесување кон таа индивидуа, токму врз основа на рамката во која е сместена.“

Понатаму во анализата се елаборира дека профилирањето е непосредно поврзано со етикетирање и/или стигматизирање и дека симплифицирањето на карактеристиките што ја определуваат одредена личност, а што често се базира на стереотипи, ја отвора вратата на предрасудите и на дискриминацијата или говорот на омраза.

Тоа, овој медиум, со ваков текст, не го препознал.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција