Рецензија: Директорот на БЈБ Чавков и амбасадорот Гарет ќе потпишат Меморандум за соработка

24-09876-0987-crop-resize

Замена на идентитет, ама не Борновиот. Нејзиното Височество, барем, според овој текст – поточно фотографија, доби нов амбасадор во земјава, ама тој некако да ти има познат, стар лик. Пример за многу брзање, a малку мислење.

2Линк до оригиналниот напис: Директорот на БЈБ Чавков и амбасадорот Гарет ќе потпишат Меморандум за соработка

Датум и време на објавување: 17.11.2014 09:08

Датум на рецензирање: 20.11.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

GOOGLE IMAGES SEARCH НЕ Е ЗАМЕНА ЗА НОВИНАРСКИОТ ТРУД

Да расчистиме, не може, барем не во коректен, новинарски текст еден човек, во овој случај амбасадор, да биде претставен со едно име, а илустриран со друга фотографија. Значи еден лик – едно име, друг лик – друго име. Мала асистенција:

Кристофер Ивон, поранешен амбасадор на Велика Британија во Македонија (2010-2014):

Christopher Yvon CV on GOV UK-09876-0987-final-final

 

 

Чарлс Гарет, актуелен амбасадор на Велика Британија во Македонија;

Charles Edmund Garrett  CV on GOV UK - 09876-0987-final

Има разлика, нели?

Станува збор за сериозна грешка која им се случува и на далеку посериозни медиуми од конкретниот, но по такви „лапсуси“ најчесто следуваат и сериозни извинувања од уредништвото. Погоден е директорот на БЈБ при МВР, ама утнат е амбасадорот. Интересно е што во овој кус напис „поддржан“ со конкретната фотографија се гледа дека брзањето, зачинето со незнаењето, било „добитната“ комбинација за пропустот. Знаете, па ниту Google Images Search (опција за пребарување на фотографии на „Гугл“) не е семоќен, па, наместо новинарите, да препознава кои се актуелни, а кои бивши амбасадори.

Слаба новинарска ангажираност, навистина слаба.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција