Рецензија: Додека Заев се заканува со „бомба“ Груевски носи инвеститории

FireShot-Screen-Capture-064-ALFA-TV-www_alfa_mk_News_aspx_ID86964_VJWmPv8FUA-crop-resize

 

Рецензираме текст кој е очигледно направен само со една цел: да се направи уште една ЕПП-епизода во полза на актуелниот премиер и лидер на владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ, без притоа да се спомне барем еден извор кој би ги поткрепил тврдењата дека тоа што им се сервира на граѓаните е точно и баш така. Сè наликува на комерцијална аудиовизуелна комуникација со граѓаните, завиена во новинарска форма со потпис на авторот, за да го „купат“ понудениот производ на владејачката партија и да ја елиминираат конкуренцијата на опозицискиот лидер.

FireShot Screen Capture #064 - 'ALFA TV' - www_alfa_mk_News_aspx_ID=86964#_VJWmPv8FUAЛинк до оригиналниот напис: Додека Заев се заканува со „бомбата“ Груевски носи инвеститори

Датум и време на објавување: 20.12.2014 19:34

Датум на рецензирање: 21.12.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

ЏИРЛО-РЕКЛАМА

Комплетно пристрасен текст кој со еден здодевен, стереотипен и нахален пристап настојува на граѓаните да им се одземе способност за контрола на сопствениот интелект и со манипулации да им се ограничи и преокупира вниманието само со една единствена мисла и претстава, дека Груевски и Владата на чије чело се наоѓа се најуспешниот, најдобрите, најумните, најодговорните, а лидерот на опозицијата, Заев, е спротивно од тоа и затоа е во незавидна положба во однос на ВМРО-ДПМНЕ. Самиот наслов има амбивалентен приод за да се фаворизира еден политички субјект, а истовремено да се нападне Заев.

„…Груевски со реализација на инвестиции.“

„…Владата реализира проекти од значење за граѓаните.“

„Зголемени плати во администрацијата за 4 и  во специјалистичките установи за 19 %, вработување на над 180 лица во итните медицински служби. Повеќе од 20 странски компании последната година веќе донесоа одлука да инвестираат во Македонија. …Со ова владеачката ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на обвинувањата за ненародно и недемократско владеење.“

За вовед во следниот дел од фалбите недостига само Џирло-девојка да ја изрецитира мантрата која треба до крај да ги хипнотизира граѓаните со успесите на Владата.

„Освен тоа, од 2006 година до сега кај странските инвеститори се вработени 11 000 лица, а со следните инвестиции се очекувааат дополнителни 13 000. Стапката на невработеност само во првата половина на 2014 се намали на 27,9 проценти. Годинава се вработиле 13 000 лица. Се градат три нови автопати Демир Капија Смоквица, Скопје Штип и Кичево Охрид.“

 

СĖ ДА БИДЕ ПОД КОНТРОЛА

Политичкиот „производ“ на опозицијата се претставува како шкарт, неупотреблив за добробит на граѓаните. Ставајќи се отворено на страната на еден политички субјект, на граѓаните им се сугерира пропаст на политичкиот конкурент. Лидерот на опозицијата се претставува како аутсајдер кој го залажува членството со наводни афери и со бомби само да ја задржи лидерската фотеља, додека Владата реализира проекти од значење за граѓаните.

Се заговара суптилна негативна стереотипизација на политичкиот противник, при што се изнесува експлицитна оценка дека СДСМ е во незавидна положба во однос на ВМРО-ДПМНЕ.

Прекршен е членот 14 на Кодексот на новинарите на Македонија кој вели дека:

Известувањето од политичките процеси треба да биде непристрасно и избаланскирано и новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција