Рецензија: Документ: Владата го „шитнала“ Ѓунер Исмаил на СДСМ

Press24-www_press24_mk_dokument-vladata-go-shitnala-gjuner-ismail-na-sdsm-crop-resize

Уште во формулацијата на насловот: „Документ: Владата го „шитнала“ Ѓунер Исмаил на СДСМ“, се препознава  силна тенденциозност во пласирањето на оваа вест. Од ваквиот наслов се добива впечаток дека се работи за заткулисни игри и голем скандал поврзан со поранешниот министер во владите на СДСМ.

Фактички, како што може да се види во веста, станува збор за документ стар 17 години (спогодба) со кој Исмаил своевремено преминал од Владата во СДСМ. Иако, од оваа дистанца делува чудно, сепак, тогашните законски прописи го дозволувале тоа.

FireShot Screen Capture #193 - 'ДОКУМЕНТ_ Владата го „шитнала“ Ѓунер Исмаил на СДСМ I Press24' - www_press24_mk_dokument-vladata-go-shitnala-gjuner-ismail-na-sdsmЛинк до оригиналниот напис: Документ: Владата го „шитнала“ Ѓунер Исмаил на СДСМ

Датум и време на објавување: 13.01.2014, 11:59

Датум на рецензирање: 13.01.2014

Рецензент: Оливера Војновска

Вистинитост: Веста се темели на документот за преземање. Нема сомнение дека податоците во него се веродостојни. Проблемот е што потоа се прави тендециозна конструкција.

Па, иако на самиот документ стои дека преземањето се прави „ врз основа на  член 130 став 1 од Законот за работни односи ( „Службен весник на РМ“ број  80/93 и 3/94)“, неименуваниот автор на веста вели:

„За 1997, кога е склучена оваа спогодба немаме информации дали оваа пракса  била забранета со закон, што не е случај денеска, кога преминување на функционери од Владата во политичка партија не е дозволено“

Инаку, во членот 130 став 1 од  од тогашниот Закон за работни односи (што може да се најде на сајтот на Министерството за правда, само потребна е претходна регистрација која трае неколку минути) е наведено:

„На работникот не може да му престане работниот однос ако работодавецот не му обезбеди едно од следниве права:

1) вработување кај друг работодавец без огласување на работното место со преземање и склучување на договор за работа, на работно место кое одговара на неговата стручна подготовка односно квалификација

Извори на информации: Извор на информации е спогодбата за преземање склучена во  1997 година.

Содржајност:  Веста е еднострана. И покрај тоа што се работи за куса вест, можело да се побара став и од Исламил (макар во една реченица, со оглед што е директно засегнат).

Пристрасност: Материјалот што го рецензираме е необјективен. Уште од насловот е видлива идејата да се оцрнат поранешниот министер и најголемата опозициска партија.

 Коментирање: Веста е составена од четири реченици и сите се во коментаторски манир.

Од Владата, со посебен договор (спогодба) Ѓунер Исмаил и бил отстапен на СДСМ.

Вакви договори Владата често прави со остнатите државни институции, но вистинска реткост, ако не и преседан е ваков договор да се прави меѓу Владата и политичка партија.

За 1997, кога е склучена оваа спогодба немаме информации дали оваа пракса  била забранета со закон, што не е случај денеска, кога преминување на функционери од Владата во политичка партија не е дозволено.

Интересно е што Ѓунер Исмаил до пред некоја година користеше службен стан, кој му бил доделен од Владата за да живее во него додека работи во служба на државата.

Оригиналност/Плагијат: Веста не е потпишана, па може да се заклучи дека е редакциска. Истиот ден веста беше објавена и во повеќе други медиуми, некои како извор го посочија порталот, а некои не.

Квалитет на насловот: Насловот е провокативен  и најпроблематичен елемент  во оваа вест. Особено поради непримерниот говор (Владата го „шитнала“ Ѓунер Исмаил на СДСМ)  кој наликува на еден вид уличен жаргон. Истата поента можела да се искаже и со малку повнимателно одбрани зборови.

Фотографија: Веста е илустрирана со две фотографии. На едната е прикажан документот, а на другата е Исмаил во седиштето на СДСМ. Ваквата комбинација има одредена манипулативна порака.

Говор на омраза: Недоличниот говор во насловот ѝ дава навредлив тон на веста.

Заклучок:  Симптоматично е зошто споменатиот документ токму сега се вади од „нафталин“. А, начинот на кој е срочена веста покажува дека таа нема амбиција да се занимава со целиот конткст на документот. Неодминлив е впечатокот дека  идејата е да се креира уште еден случај за оцрнување на опозицијата. И сосема е извесно дека нема да биде последен. Како што се наближуваат изборите двата политички табори ќе извлекуваат најразлични документи за  дискредитација на противникот.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција