Рецензија: Дождовите ќе донесат рекорден род на пченицата

FireShot-Screen-Capture-142-Дождовите-ќе-донесат-рекорден-род-на-пч-crop-resize

Ако според дефиницијата насловот го продава текстот, тогаш ни е продаден „рог за свеќа“. Најавата во насловот  дека: „Дождовите ќе донесат рекорден род на пченицата“, во текстот не само што со ништо не поткрепена, туку имаме спротивни констатции дека дождот може  да и наштети на пченицата и да го намали родот. Според тоа, информацијата не само што не е содржајна, туку не е ни точна, бидејќи нема ни еден факт со кој се потврдува она што е во насловот.

FireShot Screen Capture #142 - 'Дождовите ќе донесат рекорден род на пчЛинк до оригиналниот напис: Дождовите ќе донесат рекорден род на пченицата 

Датум и време на објавување: 30.04.2014, 13:23

Датум на рецензирање: 2.05.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

САМИОТ СЕ ДЕМАНТИРА

Да тргнеме повторно од насловот: „Дождовите ќе донесат рекорден род на пченицата“ . Во следната реченица, тој „рекорд“ е веќе условен: …„ако временските услови се подобрат и доколку повторно заврне кон крај на мајот“… понатаму, проогнозите за „рекорден род“ сѐ уште попесимистички: ..„годинава е превлажна за житото, … се доцни со заштитно прскање… дождовите може да предизвикаат појава на штетник кој го јаде листот“… „треба да се испрска со пестициди и инсектициди“…

Од горе кажаното произлегува дека дождовите, всушност, нема да донесат рекорден род, туку можат да го загрозат и просечниот.

 

ВАЖНО ДА Е СЕНЗАЦИЈА

Во содржината недостасува важна информација. Под претпоставка да се обезбедат иделани услови, пченицата да се испрска со пестициди и хербициди, да не се појави штеник, да се подобрат временските услови… колкав би бил тој рекорден род, од кои површини и со каков квалитет, кој семенски матерјал е употребен оваа година за да обезбеди рекордни приноси, зошто се доцни со заштитно прскање ?

На прес конференцијата зборувал референтен согворник – заменик председател на Федерација на фармерите на Македонија и производител на пченица. Требало само да му се постави прашање. Сепак, се работи за стратешки производ, лебно жито, и таква информација во услови кога увезуваме големи количества на пченица, одговор на ова прашање е од  јавен интерес.

Вака, со сензационалистички наслов, граѓаните се доведени во заблуда дека ќе имаме „рекорден род на пченицата“.

Кога се зборува за рекорди, мора да има параметар со кој тие се споредуваат. Просечните приноси на пченицата во Македонија се мали, 2,9 тони по хектар, а во најдобрите години, кои би можеле да се означат како рекордни за нашата почва, се движат околу 3,4 тони по хектар и тоа само во Пелагонија. За споредба, просечен принос на пченица во Србија, од каде најмногу ја увезуваме, е 4,5 тони, а во Војводина 5,5 до 6 тони по хектар.

 

ПРОПУШТЕНА НОВИНАРСКА ЛЕКЦИЈА

Една од првите лекции во новинарството е дека новинарот, ако е присутен на настанот, конференција за печат, трибина… треба максимално да ги искористи соговорниците и да собере што повеќе релевантни податоци за темата која е на дневен ред или за која сака да пишува. Во спротивно, ја пропушта шансата за добар новинарски производ. Затоа треба да прашува и да бара одговори, инаку не е новинар, туку мегафон, трансмитер кој само го пренесува соопштението на организаторот, или како во овој случај, само го прераскажува дневниот ред.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција