Рецензија: ДУИ сака да му го одземе на ВМРО-ДПМНЕ пратеникот од Америка

Најверојатно вакви текстови ќе има и одповеќе во предизборната трка, а најавата за таков галопирачки раст на „новинарски“ производи почнува од овој текст. И најверојатно идејата не е да се срочи целосен новинарски текст, туку нешто помеѓу во нечиј интерес. Текстовите кој изобилуваат со „најверојатно“, „од партиски извори“, „се надеваат“ и слични констатации не можат вистински да ја доловат ситуацијата на терен и покрај ударниот наслов кој алудира на „идно можно време“. Новинарството во принцип не се занимава со желби, со сакање и со среќа, туку со факти, извори и вистинитост. 

dnevnik duiЛинк до оригиналниот напис: ДУИ сака да му го одземе на ВМРО-ДПМНЕ пратеникот од Америка

Датум и време на објавување: 03.03.2014, 18:24

Датум на рецензирање: 04.03.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

Вистинитост: Се работи за претпоставки, црпејќи информации од последните избори кои и тогаш биле во сферата на шпекулации.

 По успехот од мобилизацијата на Албанците што живеат и работат во странство, токму со нивните гласови на локалните избори да победат во Kичево, Партијата на Ахмети по ист пример, сега ќе ги мотивира Албанците што помасовно да гласаат на парламентарните избори.

За да се види, пак, дали наводите се точни ќе мора да се почека до завршувањето на изборите.

Целта е, велат од ДУИ, да лобираат иселениците што помасовно да гласаат на предвремените избори. Од партијата велат дека сега не сакаат ништо да и препуштат на случајноста оти на парламентарните избори пред три години Албанците не успеаја да добијат ниту еден пратеник од дијаспората иако голема концентрација на Албанци живеат во САД и во Европа.

Ова е целата вистина во текстот. Не може ниту да се лоцира изворот, иако е посочена една цела партија како извор. Не е наведено ниту дека е неофицијално, што, пак за ваков вид на текстови донекаде и би можело да ја „извади“ работата.

Извори на информации: Ова значи дека партијата на Али Ахмети сега сериозно атакуваат двајца од тројцата пратеници од дијаспората да бидат од ДУИ, односно, како што велат, речиси сигурно нивен ќе биде пратеникот од Европа и оти максимални напори ќе вложат да го добијат и пратеничкото место од САД.

Изјавата на изворот е поткрепена со како што велат. Нема ниту од каде, ниту кој. Очигледна е намерата овој цитата да се спинува со изјава на функционер од партија кој, пак ја дал за некој друг медиум, а во овој текст само е превземена.

Содржајност: Вакви текстови би можеле, а и не мораат да се објават во еден медиум. Освен ако некој немал работа, па си пополнувал време, а медиумот пополнувал простор. Само во такви услови текстот би можел на пример да се рече дека е „колатерална штета“. Иако не можат да се прикријат ниту скриените намери на текстот. Првата е да се разочара спротивниот политички табор дека е немоќен пред оваа гарнитура. И втората да се предупреди некоја политичка структура од некаква можна опасност. Како и да е и во двата случаи нема издржани моменти освен пренесени шпекулации од минатите избори и обид за спинување на актуелна, вистинита изјава во корист на намерите на текстот.

Пристрасност: Изобилува со еуфорија за една политичка гарнитура, а политичките опоненти не се ниту спомнати. Нема никаков процент на шанси дека и други политички партии би можеле нешто да сторат во дијаспората. Нема ниту мислење за другите, ниту, пак шпекулации како што тоа веќе е направено за „победниците“ кои текстот веќе ги прогласи.

Оригиналност/Плагијат: Текстот е авторски, има потпис на авторот.

Квалитет на насловот: Постигната е целта на тоа што се сакало да се каже. Ударен наслов со точна порака, која треба да ја прими читателот без многу дилеми и размислување.

Фотографија: Неадекватна, со функционери од партија кои треба да бидат алиби за текстот.

Заклучок: Текст кој на прво и набрзина читање може да даде заклучок дека е ок и ги почитува новинарските правила и стандарди. Но поостро око може да забележи моменти на спин и на атакување на вистината.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција